Пребарување

1648371835156.jpg

Папата ги поздрави учесниците на Римскиот маратон

Папата Фрањо му честиташе на спортското здружение Атлетика Ватикана за иницијативата за солидарност со сиромашните. Во саботата беше отслужена света Литургија за маратонците, предводена од надбискупот Галагер. Четири „ватикански“ штафети се именувани по енцикликите на папата Фрањо

Честитки - со овие зборови, папата Фрањо на крајот од пладневниот неделен наговор им се обрати на учесниците на 27. Римски маратон, на кој многу спортисти - како што потсети Папата - на иницијатива на Атлетика Ватикана се приклучија на иницијативите за солидарност со луѓето во градовите кои живеат во неволја.

Силен повик за мир во Украина што е можно поскоро беше упатен во саботата од римската црква „degli artisti“ („црква на уметниците“), за време на светата Литургија за маратонците, организирана од Атлетика Ватикана во пресрет на маратонот. Евхаристиското славење го предводеше надбискупотт Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите.

29 март 2022, 09:38