Папата прими претставници на италијанските алпинисти
Папата ги поздрави како постарите, кои се жив спомен на херојската посветеност и пожртвуваност, како и помладите, за кои рече дека продолжуваат по патот гледајќи кон височините, со упорно и трпеливо планинарско одење, искачувајќи се по стрмните патеки до врвот.
Светиот Отец ги поттикна присутните да продолжат да бидат закотвени во своите корени, во сеќавањето, а во исто време „врзани со јаже“, вредно помагајќи за да не се препуштат на уморот и да продолжат со верност на посветеноста и дадениот збор. Тоа се вредностите кои отсекогаш ги истакнувале италијанските алпинисти, а кои стануваат уште поважни во годината кога се одбележува 150. годишнината од основањето на здружението. Здружението е присутно во многу делови од светот, потсети Папата и меѓу другото нуди убаво сведоштво за братство и служба - два збора кои најдобро ги опишуваат, додаде Светиот Отец.