Папата Фрањо го прими словенечкиот претседател Пахор
Папата Фрањо во понеделник 7 февруари 2022 година во аудиенција го прими словенечкиот претседател Борут Пахор, кој потоа се сретна со државниот секретар, кардиналот Пиетро Паролин и надбискупот Пол Ричард Галагер, државен секретар за односи со државите.
За време на срдечниот разговор во Државниот секретаријат, одржан по повод 30. годишнината од признавањето на Словенија од страна на Светиот Престол и воспоставувањето дипломатски односи, беше изразено задоволство од позитивните билатерални односи и дијалогот меѓу Црквата и словенечките граѓански власти.
На разговорите станало збор и за различни меѓународни и регионални прашања, вклучително и регионалната соработка, проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан и ситуацијата во Украина, се наведува во соопштението од Канцеларијата за печати при Светиот Престол.