Молитвена накана на Папата за февруари е за посветени жени и монахињи
Во центарот на молитвите на Папата овој месец се Богопосветените жени и монахињи, на кои тој им се заблагодарува за нивното послание и храброст и се моли да продолжат да наоѓаат решенија за предизвиците на нашето време. Наканата на Светиот Отец е објавена во форма на видео порака, споделена преку Папската светска молитвена мрежа.
Црквата не може да се разбере без посветени жени и монахињи, истакнува Папата на почетокот на видео пораката.
Папата Фрањо ги охрабрува да препознаат и да изберат што е добро за нивното послание во соочувањето со предизвиците на денешниот свет и ги повика да продолжат да работат и да дејствуваат со сиромашните, маргинализираните, а посебно со жртвите на трговија со луѓе.
Светиот Отец се моли посветените жени и монахињи да ја покажат убавината на Божјата љубов и сочувство делувајќи како катехисти, теолози и духовни пријателки.
Во пораката на папата Фрањо се споменуваат и на некои тешкотии во посланието на Богопосветените жени и монахињи. Ги повикувам да се борат кога, во некои случаи, се третираат неправедно, дури и во рамките на Црквата; кога нивната служба, која е толку голема, се сведува на робување, порача Папата.
Тој ги повикува посветените жени и монахињи да не се обесхрабруваат, туку да сведочат за Божјата добрина преку апостолските дела што ги извршуваат, а пред сѐ преку свдедочејќи за нивниот посветен живот.