Активности на Светиот Отец во јануари и февруари
Канцеларијата за литургиски славења на Папата ги објави претстојните активности на Светиот Отец. Тој најпрво ќе ја предводи светата Литургија во Недела на Словото Божјо - воспоставена во 2019 година со мото проприо Aperuit Illis. Се слави во третата недела во годината, која оваа година се паѓа на 23 јануари, а Литургијата е во 9.30 часот во базиликата Свети Петар.
Само два дена подоцна, на празникот Преобраќање на Свети Павле, 25 јануари, Папата ќе ја предводи втората Вечерна во базиликата Свети Павле надвор од ѕидините на Рим, завршувајќи ја молитвената осмина единство на христијаните, на тема земена од Евангелието според Матеј: „Ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да Му се поклониме“ (Матеј 2, 1-12).
На 2 февруари, на празникот Воведение Господово, во 17.30 часот во базиликата Свети Петар Светиот Отец традиционално со свештеници, монаси и монахињи ќе ја предводи светата Литургија за Светскиот ден на посветениот живот
На крајот на февруари,поточно во недела 27 февруари, Папата ќе ја посети Фиренца на завршната средба на бискупите и градоначалниците на Медитеранот, кои отиикнати од ликот на Џорџо Ла Пире ќе се соберат од 24 февруари. Присуството на Папата е закажано за 10.30 часот во базиликата „Свет Крст“.