Папата за преобраќањето и обновата во Америка и светот
Во редовното обраќање по молитвата Папата отстапи од вообичаениот говор на италијански јазик и на шпански ги поздрави присутните од целиот американски континент и од Филипините.
Со овој чин се придруживте на сите кои од Алјаска до Патагонија секој 12 декември ја слават Света Марија од Гвадалупе. Пресвета Богородица од Гвадалупе и Хуан Диего нѐ поучуваат како да одиме заедно, од периферијата до центарот, во заедништво со наследниците на апостолите – епископите и така да бидеме Радосна вест за секого.
Ова искуство мора секогаш од ново да се повторува, на тој начин Бог Кој е заедништво ќе поттикне на преобраќање и обнова на Црквата и општеството кое толку му е потребно на Америка, но и во светот. Светиот Отец изрази радост и што со чин како овој започна подготовката за Гвадалупскиот јубилеј 2031 година и Јубилејот на Откупувањето 2033 година.
Во утринските часови верниците заедно споделуваа сведоштва и молеа света Бројаница на накана за најслабите и најзагрозените на континентот како и за надминување на последиците од пандемијата и за достоинството на сите луѓе. По молитвата поздрав упати претседателот на комисијата, кардиналот Марк Оуелет кој повика на посвета на Пресвета Богородица Гвадалупска.