Неговото Блаженство Јероним II го посети Папата во Апостолската нунцијатура во Атина
Крајот на вториот ден од апостолското патување на папата Фрањо во Грција беше одбележан со братство и дијалог. Во Апостолската нунцијатура во Атина, која стана негов дом за време на неговиот престој во оваа земја, римскиот бискуп го прими архиепископот Атински и на цела Грција, Неговото Блаженство Јероним II. За време на куртоазната посета и средбата на соодветните делегации, која траеше половина час, првите архиереи оставија потписи во Книгата на почесните гости, сведочејќи за нивната искреност и братство.
„Оваа вечер, на 5 декември 2021 година, на празникот Свети Сава, јас и мојата придружба пристигнавме да му се заблагодариме на Папата и на светиот Римски брат Фрањо за неговата посета на Грција. Му честитаме и му посакуваме убав пат. Нека нè благослови Светиот Бог“, напиша во книгата за почесни гости Неговото Блаженство Јероним II, на што римскиот бискуп одговорил:
„Со радост и мир се среќавам со мојот драг брат Јероним II. Му благодарам за братската добрина, благост и трпение. Нека Господ ни даде благодат да продолжиме по овој пат на братство и мир. Му благодарам на неговото блаженство Јероним II што великодушно ни помогна да одиме заедно. Господ нека ги благослови нашите сестрински цркви, а Света Богородица нека ни е на помош“. Средбата заврши со размена на подароци.