Апел на Папата за мир во Украина
Светиот Отец во апелот по молитвата Ангел Господов, на 12 декември 2021 година ги вети своите молитви за Украина и повика на решение на тензиите со сериозен меѓународен дијалог, а не со оружје. Спомнувајќи ги неодамнешните статистики кои ги прочита, папата Фрањо изрази болка заради податцоите дека ова година е произведено повеќе оружје од лани. Оружјето не е патот, рече Светиот Отец. Нека овој Божиќ донесе мир во Украина!
Папата исто така ја вети својата молитва за жртвите од серијата торнада во САД каде што загинаа 80 лица, а најсилно е погодена сојузната држава Кентаки.
Срдечен поздрав Светиот Отец упати до Каритас Интернационалис, кој одбележува 70 годишнина. Каритас е љубезната рака на Црквата во целиот свет за сиромашните и најзагрозените во кои е присутен Христос. Ве повикувам својата служба да ја продолжите со понизност и креативност, да допрете до најмаргинализираните и поттикнете на целосен развој како противотров на културата на отфрлање и рамнодушност, поттикна Папата.