Viaggio-Apostolico-Cuba-Messico-12-18-Febbraio-2016Messico-12-18-Febbraio-2016-Incontro-Gi.jpg

Папата упати порака до Црквата во Латинска Америка

Папата Фрањо ги повика на поголема синодалност учесниците на заседанието на Црквата во Латинска Америка и Карибите, кое ќе се одржи во Сиудад де Мексико од 21 до 28 ноември

многу молитви и дијалог“, предупреди Папата во пораката објавена на 20 ноември 2021 година од Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Треба да најдеме патишта кои ќе ги надминат разликите без поделба и поларизација. Од ова, пак, може да се развие „дополнителна енергија“ која поттикнува бестрашно излегување во пресрет на другите. Светиот Дух ја повикува Црквата да стане повеќе евангелизаторска и повеќе мисионерска преку процесот на пасторално преобраќање, заклучи папата Фрањо во пораката до епископите од Латинска Америка.

Советот на епископската конференција на Латинска Америка (CELAM) ги обединува бискупските конференции на Латинска Америка и Карибите и го организира овогодинешното заседание под мотото „Сите сме мисионери ученици во движење“ во склоп на синодалниот процес, на кој повика Светиот Отец.

22 ноември 2021, 16:28