Папата Фрањо го прими во аудиенција индискиот премиер Моди
Разговорот на папата Фрањо со индискиот премиер Нарендро Моди траеше околу еден час кој после средбата со Папата го поздрави државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин и секретарот за односи со државите надбискупот Пол Ричард Галагер. Аудиенцијата е одржана – како што извести Канцеларијата за печат на Светиот Престол – во Апостолската палата. Во текот на краткиот разговор се разговарало за срдечните односи помеѓу Светиот Престол и Индија. Во текот на средба премиерот Моди како што самиот објави на Твиер го покани на Папата да посети Индија.
Треба да се потсети дека до сега двајца Папи ја имаат посетено таа земја: Павле VI кој во декември 1964 година замина за Мумбаи по повод Меѓународниот евхаристиски конгрес и Иван Павле II кој два пати ја посети Индија во февруари 1986 година и во ноември 1999 година.