Пребарување

1637589546877.jpg

Папата: Божиќната убавина блеска во мали конкретни гестови на љубов

Папата Фрањо ги прими, како што рече „на вратата на Адвент“, организаторите и учесниците на „Christmas Contest“, натпревар кој ги поттикнува младите на возраст од 18 до 35 години да создаваат нови песни инспирирани од Божиќ и неговите вредности.

Иако божиќното светло ќе биде затемнето од пандемија која сè уште нѐ притиска, повикани сме да не губиме надеж. Топлината на Исусовото раѓање нема да изостане, истакна папата Фрањо на аудиенцијата со учесниците и организаторите на „Christmas Contest“. Конкурсот беше предложен од Папската фондација Gravissimum Educationis и мисијата Дон Боско Валдоко.

Пригушени светла

Светиот Отец истакна дека се среќава со младите луѓе на „вратата на Адвент“, тоа е периодот кој секоја година нѐ воведува во Божиќ и неговото таинство. И оваа година, рече Папата, светла ќе бидат пригушени поради последиците од пандемијата што сè уште го оптоварува нашето време. И токму затоа, истакна Папата, повикани сме да се преиспитаме и да не губиме надеж. Празникот на Христовото раѓање не е несоодветен со сегашните искушенија, тој е par excellence празник на сочувството, на нежноста. Неговата убавина е скромна и полна со човечка топлина, истакна Папата.

Конкретни гестови на љубов

Убавината на Божиќ, додаде тој, блеска во споделувањето мали гестови на конкретна љубов. Не отуѓува, не е површна, не избегнува; напротив, го проширува срцето, го отвора за бесплатноста, за дарот на самиот себе, а исто така може да поттикне културна, социјална и образовна динамика. Во тој дух, рече папата Фрањо, го започнавме Глобалниот пакт за образование, широк образовен сојуз за да формираме зрели луѓе способни да ја надминат расцепканоста и контрастите и да ги обноват односите за да создадат човештво кое ќе биде како братство.

Храброст и креативност

За да се постигнат овие цели потребна е храброст, нагласи Светиот Отец. Храброст е да се стави личноста во центар и да се ставиш себеси во служба на заедницата. Покрај тоа, потребна е креативност, додаде Папата, наведувајќи ги како пример младите натпреварувачи кои ги споделија своите божиќни песни за еден поголем проект кој верува во убавината како начин на човечки раст за да можеме заедно да сонуваме за подобар свет.

Повикувајќи се на зборовите на свети Павле VI дека на светот му е потребна убавина за да не паднеме во очај, при што Светиот Отец истакна дека убавината Божја стана тело, убавина за погледот, приказните, созданијата кои го сочинуваат нашиот заеднички дом и кои, како што нè учи свети Фрањо, учествува во пофалната химна на Севишниот.

Своето обраќање Папата го заврши со благодарност до младите, уметниците и спортистите кои не забораваат да бидат чувари на убавината која раѓањето Господово го прави да блесне во секој секојдневен гест на љубов, споделување и служење.

22 ноември 2021, 16:40