Пребарување

Папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов Папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов 

Ангел Господов: Оние кои прават добро вложуваат во вечноста

Во својот говор на 14 ноември 2021 година, Светиот Отец ги поттикна верниците да размислуваат за она во што го вложуваат својот живот – во минливите работи од овој свет или во Господовите зборови кои остануваат засекогаш?

Во Евангелието на денешната Литургија, Исус сака да сфатиме дека сè на овој свет порано или подоцна поминува, објасни Светиот Отец пред мноштвото народ собран на плоштадот Свети Петар. Иако дури и небото и земјата ќе поминат, Исус истакнува дека неговите зборови нема да поминат. Така тој воспоставува разлика меѓу претпоследните нешта кои се минливи и оние последни што остануваат, рече Папата.

Тоа е драгоцена порака за нас која нѐ води во големите избори во животот. Во што се исплати да го вложите својот живот? Во минливото или во Господовите зборови кои остануваат засекогаш? Се разбира, рече Папата, тоа во второто. Но, тоа не е лесно. Нè привлекуваат работи кои се пријатни за нашите сетила и кои веднаш ни даваат задоволство. Господовите зборови, иако се убави, директно ги надминуваат и бараат трпение. Ние сме во искушение да се држиме до она што можеме да го видиме и допреме, бидејќи тоа ни е посигурно. Но, тоа е измама, бидејќи и небото и земјата ќе поминат, нагласи Папата, додека зборовите Господовите зборови нема.

Значи, во ова е повикот, рече Папата. Не градете го животот  на песок. Кога се гради куќа, се копа длабоко и се поставуваат цврсти темели. Верен е ученикот кој го изградил својот живот на карпа, на Словото Божјо (сп. Матеј 7, 24-27).

Што е самото срце на Божјото Слово? Што дава сила на животот и нема да помине? - праша Светиот Отец во својот говор. Свети Павле вели: Љубовта никогаш не престанува (1 Коринтјаните 13,8). Оние кои прават добро вложуваат во вечноста. Кога гледаме дарежлив и услужлив човек, кроток, трпелив, кој не е завидлив, не мрмори, не се фали, не се гордее, почитува (сп. 1 Коринтјаните 13, 4-7), тој гради рај на земјата. Можеби нема да биде забележан или да има кариера, но тоа што го прави нема да биде изгубено. Бидејќи доброто никогаш не се губи, тоа останува засекогаш, истакна Светиот Отец.

Во што ги вложуваме нашите животи, праша Папата. Во минливи работи како пари, успех, изглед, физичка благосостојба? Дали сме врзани за земните работи, како овде да живееме засекогаш? Словото Божјо нè предупредува денес - глетката на овој свет поминува. Останува само љубовта. Според тоа, да се заснова животот на Словото Божјо, заклучи Светиот Отец, не значи да се бега од историјата, туку да се потоне во земните стварности и да се зацврстат, преобразуваат со љубов, втиснувајќи им го знакот на вечноста, Божјиот знак. Пред да донесеме некоја одлука, поттикна Папата, треба да се замислиме дека стоиме пред Исус, како на крајот на животот, пред Оној Кој е Љубов. Размислувајќи за тоа, во негово присуство, да донесеме одлука за денес. Можеби не е најлесната, најнепосредната, но ќе биде добра, рече папата Фрањо (сп. Св. Игнатиј Лојолски, Духовни вежби, 187).

 

https://www.youtube.com/watch?v=vSAB3N7zpD8
14 ноември 2021, 21:45

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >