Пребарување

01949_29032018.JPG

Светиот Престол ги повикува посветените лица за учество во синодата

Во писмото до сите манастири во светот објавено на 28 август генералниот секретар на Епископската синода кардиналот Марио Греч го истакна важен прилогот кој за размислувањето за синодалноста би можеле да го дадат токму членовите на контемплативните заедници.

Имено, тие на повеќе начини се „стручњаци“ за функционирањето на синодалниот соживот, истакна Греч. Ги повикува на монасите и монахињите деноноќно да молат за успех на синодата затоа што без молитва „сите напори ќе бидат залудни.“

Тригодишното синодално одење под геслото „За синодална Црква: заедништво, учество и послание“ кое започнува во октомври, поделено е на дијацезантски, континентален, универзален дел. По слушањето советувањето и расудувањето во партикуларните Цркви на сите континенти заклучната фаза на Епископската синода ќе се одржи во 2023 година во Рим.

Папата Фрањо свика синодата, советодавен одбор кој му помага во водењето на општата Црква пет пати: 2014 и 2015 за темата брак и семејство, година 2018 за младите и 2019 за Амазонија и ова 16. Редовно генерално собрание на Епископската синода за 2022 година, но одложено заради пандемијата на 2023 година.

29 август 2021, 13:59