Пребарување

600px-Donna_Strickland_EM1B5749_46183561812aem.jpg

Папата Фрањо именува Нобеловката за членка на Папската академија

Светиот Отец Фрањо во понеделник, 2 август 2021 година, ја именува професорката Дона Теа Стрикленд за редовна членка на Папската академија на науките, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Професорката Стрикленд е родена на 27 мај 1959 година во Гелф, Канада. Дипломирала на Универзитетот Мекмастер во Хамилтон а докторира по физика.

Во 2018 година, заедно со професорот Жерар Моуру, ја доби Нобеловата награда за физика. Во моментов е предавач по оптичка физика на Одделот за физика и астрономија на Универзитетот во Ватерло во Канада и е претседателка и член на Националната академија на науките на Соединетите Американски држави.

13 август 2021, 08:20