Папата го прими државниот секретар на САД
Четириесетминутниот разговор се одвиваше во срдечна атмосфера и беше можност Папата да се потсети на неговото патување во САД во 2015 година. Светиот Отец ја изрази својата наклонетост и внимание кон народот на Соединетите држави - изјави Бруни.
По средбата портпаролот на Стејт департментот изјави дека папата и Блинкен ја потврдија својата посветеност на верската слобода, а меѓу темите за разговор биле и мигрантите, пандемијата и климатските промени. Светиот Престол го поздрави враќањето на Соединетите држави во климатскиот договор.
По средбата со Папата, Блинкен разговараше и со Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин. Меѓу другото Блинкен ја истакна надежта на Соединетите држави дека Венецуела ќе се врати на демократијата и со задоволство ќе и се помогне да излезе од бедата.
Бликен престојува во Италија во рамки на европската турнеја во која ги посети и Германија и Франција.