Милосрдието на папата Фрањо оди низ светот
Од Латинска Америка до Индија, Јужна Африка и Сирија, сè до Папуа Нова Гвинеја; конкретното милосрдие на папата Фрањо кон оние кои страдаат постојано оди низ светот. Додека Светската здравствена организација (СЗО) предупредува на зголемување на инфекцијата заради варијанта на вирусот и додека последните на нашата планета сè уште умираат, кампањата за вакцинација интензивно продолжува во богатите земји. Од оваа причина, Апостолската милостилница, управувана од кардиналот Конрад Крајевски, набави 38 респиратори и ги испрати на 17 јуни, заедно со други медицински апарати, во земјите на кои сè уште им требаат такви уреди за спасување животи.
Бразил и Индија добија по шест уреди, по пет се наменети за Аргентина и Колумбија, кои добија медицински материјали од Ватикан во април; по четири уреди се наменети за Чиле и Јужна Африка; По три уреди ќе бидат ставени на располагање на Боливија и Сирија, а два ќе ја олеснат состојбата во болниците во Папуа Нова Гвинеја. Респираторите биле испраќани преку доставувачи, а апостолските нунциатури ќе ги дистрибуираат до локалните здравствени установи.
И покрај напорите на здравствените работници ширум светот, пандемијата сè уште не е под контрола. Имено, има сè повеќе случаи на таканаречена делта варијанта која доаѓа од Индија. Ситуацијата во Русија е загрижувачка, особено во главниот град Москва, каде повеќе од 400 луѓе умираат секој ден.