Пребарување

1617531229985.JPG

Порака на папата Фрањо Urbi et Orbi – Градот и светот

На празникот Воскресение Христово Папата ја упати традиционалната порака до Urbi et Orbi – Градот и светот

Драги браќа и сестри Среќен Велигден! Среќен и мирен Велигден!

Во секој агол на светот денес одново се шири навестувањето на Црквата: „Исус, распнат, воскресна како што рече. Алилуја.“

Навестувањето на Велигден не покажува некое привидение, не открива магична формула, не го покажува патот за бегство од тешката ситуација низ која поминуваме. Пандемијата сѐ уште е во полн ек; социјалната и економската криза е многу тешка, посебно за најсиромашните; и покрај тоа – и тоа е скандалозно, вооружените конфликти не стивнуваат, а воените арсенали се зајакнуваат. Тоа е денешната соблазна!

Соочени со таа сложена реалност, или подобро кажано среде тие сложени реалности, навестувањето на Велигден во неколку зборови содржи настан кој дава надеж, кој не посрамува: „Исус раснатиот воскресна.“ Не ни зборува за ангели или духови, туку за човек од крв и месо, со лице и име: Исус. Евангелието сведочи дека Тој Исус распнат во времето на Понтиј Пилат затоа што рекол дека е Христос, Син Божји на третиот ден воскресна според Писмата, а како што и самиот им пророкувал на своите ученици.

Распнатиот, а не некој друг воскресна. Бог Отец го воскресна својот Син Исус затоа што до крај ја изврши неговата волја за спасение: ги зема на себе нашата слабост, нашите немоќи, самата наша смрт; ги трпеше нашите болки, го носеше товарот на нашите безаконија. Затоа Бог Отец го возвиши и сега Исус Христос живее вечно, Он е Господ.

Сведоците изнесуваат еден важен детал: воскреснатиот Исус ги носи втиснатите рани на рацете, нозете и реброто. Тие рани се траен печат на неговата љубов кон нас. Секој оној кој поднесува тешко искушение, во телото и во духот може да најде засолниште во тие рани, да ја прими преку нив милост на надежта која не посрамува.

Воскреснатиот Христос е надеж за оние кои и понатаму трпат заради пандемијата, за болните и за оние кои загубиле сакана личност. Нека Господ им даде утеха и ги поддржи напорите на лекарите и медицинските сестри и техничарите. Сите, а посебно најслабите, им треба помош и имаат право на пристап до нега. Тоа уште се покажува во оваа време кога сме повикани да се бориме против пандемијата, а вакцините се од клучна важност во таа борба. Во духот на „интернационализам на вакцините“ затоа ја повикувам целата меѓународна заедница на заедничко посветено залагање за да се надмине доцнењето во нивната дистрибуција и да се забрза нивното делење посебно кога станува збор за најсиромашните земји.

Распнатиот и Воскренат е утеха на оние кои останаа без работа или поминуваат низ сериозни економски тешкотии и се лишени од соодветната социјална заштита. Нека Господ ги вдахне јавните власти во нивните делувања така што сите посебно семејства кои се во најголема потреба им се пружи потребна помош за адекватно издржување. Во пандемијата за жал драматично се зголеми бројот на сиромашните луѓе и очајот на илјадници луѓе.

„Сите оние кои се погодени од било кој облик на сиромаштво имаат потреба за нова надеж“, говореше светиот Иван Павле II по повод своето патување на Хаити. Токму на драгиот народ на Хаити денес им го упатувам својот поздрав и зборови на охрабрување да не потклекнат под товарот на неволјите, туку со доверба и надеж да гледаат во иднината. Би кажал дека посебно мојата мисла оди до предрагите браќа и сестри во Хаити, до вас, до вас сум блиску. Би сакал проблемите да се решат еднаш засекогаш.

Воскреснатиот Исус е надеж и за многу млади кои се принудени веќе долго време да не посетуваат училиште или универзитет и да не го поминуваат времето со своите пријатели. На сите нас ни е потребно да ги живееме реалните човечки односи, а не само виртуелните посебно во животната доба во која се формираат карактерот и личноста. Слушнавме минатиот петок на Крстниот Пат со децата, блиску сум до младите од целиот свет. Ја изразувам својата близина до младите од целиот свет и во овој час посебно до младите од Мјанмар кои се залагаат за демократија, трудејќи се по мирен пат да се слушне нивниот глас, свесни дека само љубовта може да ја избрка омразата.

Нека светлото на Воскреснатиот биде извор на препород за мигрантите кои бегаат од војна и беда. На нивните лица го препознаваме нагрденото и напатено лице на Господ кој се искачува на Голгота. Нека не им се скратат конкретните знаци на солидарност и човечко братство, тој залог на победата на животот над смртта кој го славиме на денешен ден. Им се заблагодарувам на земјите кои великодушно ги прифаќаат патниците кои бараат засолниште посебно Либан и Јордан кој примија мноштво бегалци кои побегнаа од сирискиот конфликт.

Нека либанскиот народ кој поминува низ период на тешкотии и неизвесности ја искуси утехата на Воскреснатиот и нека меѓународната заедница го поддржи во неговиот повик да биде земја на средба, соживот и плурализам.

Нека Христос нашиот мир најпосле направи да замолчи оружјето во саканата и измачена Сирија каде моментално милиони луѓе живеат во нечовечки односи, како и во Јемен, она што таму се случува е обвиткано со заглушувачка и скандалозна тишина  – и во Либија каде конечно наѕира излез од десет години долги спорови и крвави конфликти. Нека сите вклучени страни ефикасно се залагаат околу ставање крај на конфликтите и да дозволат на народите измачени од војната да живеат во мир и да започнат обнова на својата земја.

Воскресението некако само од себе нѐ води во Ерусалим. Да Го молиме Господ за мир и сигурност на Ерусалим (Псалм 120) да одговори на повикот да биде место на средба каде сите можат да се чувствуваат како браќа и каде Израелците и Палестинците ќе соберат сили за дијалог за да се постигнат трајно решение со кое двете држави ќе живеат сложно и заедно во мир и благосостојба.

На овој празник во мислите повторно се враќам и во Ирак кој со радост во срцето го посетив минатиот месец и за кој се молам да продолжи по патот на помирувањето по кој тргна така да се исполни Божјиот сон за гостољубиво човечко семејство.

Нека Воскреснатиот со својата сила ги поддржи народите на африканскиот континент чија иднина е загрозена од внатрешни насилства и меѓународниот тероризам, посебно во Сахел и Нигерија како и во регионите Тиграј и Кабо и Делгадо. Нека продолжи да се вложуваат напори во изнаоѓање на мирни решенија на конфликтите, почитувајќи ги човековите права и светоста на животот, со братски и конструктивен дијалог во духот на помирување и делотворната солидарност.

Во светот сѐ уште има премногу војни и премногу насилство! Нека Господ кој е наш мир, ни помогне да го победиме менталитетот на војната. Нека на воените заробеници, посебно во Источна Украина и Горни Карабах им даде милост да можат сигурно да се вратат кај своите семејства и нека ги вдахнови владарите во целиот свет да ја запрат трката за нови вооружувања. Денес 4 април се одбележува Меѓународниот ден на борба против противпешадиските мини, тие подмолни и ужасни направи од кои секоја година загинуваат или се осакатени невини луѓе и кои го спречуваат човештвото „заедно да чекори по патеките на животот, не стравувајќи од опасноста за уништување и смрт.“ Како само светот би бил подобар без тие алатки на смртта!

Драги браќа и сестри и оваа година многу христијани на разни места го слават Велигден со тешки ограничувања, а некаде и без можност да учествуваат на литургиските славења. Да се молиме тие ограничувања, како и сите ограничувања на слободата на вероисповед и вера во светот да се отстранат и на сите да им се овозможи слободно да молат и да Го слават Бог.

Во многу тешкотии низ кои поминуваме никогаш да не заборавиме дека сме излекувани со Христовите рани. (1 Петрово 2,24). Во светлото на Воскреснатиот нашите страдања се преобразени. Таму каде беше смртта сега е живот, каде беше жалоста сега е утехата. Прегрнувајќи го крстот Исус даде смисла на нашите страдања и сега се молиме благотворн те ефекти на тоа исцелување да се прошират по целиот свет. Среќен, свет и мирен Велигден!

06 април 2021, 08:53