Пребарување

1617472128120.JPG

Пасхално бдение во Ватикан

Папата Фрањо го предводеше во светата ноќ на 3 април во базиликата Свети Петар Пасхалното бдение на кое можеа да учествуваат ограничен број на верници.

„И од рушевината на нашето срце Бог може да направи уметничко дело и од урнатините на нашето човештво Бог поприма нова историја. Секогаш оди пред нас: во крстот на страдањето, пустошот и смртта, како и во славата на животот во кој воскресна, во историјата која се менува, во надежта која повторно се раѓа. И во овие мрачни месеци на пандемија го слушаме Воскреснатиот Господ кој нѐ повикува да тргнеме одново, никогаш да не ја губиме надежта“, рече Светиот Отец во хомилијата.

Бдението започна со благослов на огнот после што следуваше процесија до олтарот со ѓаконот кој носеше подигната свеќа и го пееше повикот „Lumen Christi“ (Светло Христово). Базиликата Свети Петар постепено се осветлуваше додека не се запалија сите светла. Верниците потоа со запалена свеќа во рацете го слушаа Хвалоспевот на воскресната свеќа со кој се прогласува победата на светлоста над темнината.

Во хомилијата папата Фрањо потсети дека жените кои одат на гробот мислеле дека ќе го најдат телото кое ќе го помазат, но наместо тоа пронаоѓаат празен гроб. Потоа ги поттикна верниците да го прифатат повикот кој Исус преку жените им го упатува на учениците, а тоа е да појдеме „во Галилеја, Он пред Вас ќе отиде во Галилеја, таму ќе го видите.“ Но што значи „да отидеш во Галилеја“, праша Светиот Отец? „Пред сѐ тоа значи да започнеш од ново,“ објасни тој. За учениците тоа значи да се вратиш „на местото каде што Господ прв пат ги барал и ги повикал да Го следат.“ Тоа е местото на првата средба и првата љубов. Воскреснатиот им порачува на учениците: „Да тргнеме од ново од каде што сме започнале. Да тргнеме одново. Те сакам повторно со мене и покрај и без оглед на сите неуспеси.“ Во таа Галилеја се учиме на чудењето над Господовата бескрајна љубов која трасира нови патишта на улиците на нашите порази.

Господ поплочува нови патишта на патеките на нашите порази. Повикот „отиди во Галилеја“ е поврзан со првото навестување на Велигден кој Папата им го предава на верниците од целиот свет: „секогаш е можно да започнеш од ново, затоа што секогаш постои нов живот кој Бог може повторно да го започне во нас независно од сите наши неуспеси.“

И од рушевината на нашето срце Бог може да направи уметничко дело и од урнатините на нашето човештво Бог поприма нова историја. Секогаш оди пред нас: во крстот на страдањето, пустошот и смртта, како и во славата на животот во кој воскресна, во историјата која се менува, во надежта која повторно се раѓа. И во овие мрачни месеци на пандемија го слушаме Воскреснатиот Господ кој нѐ повикува да тргнеме одново, никогаш да не ја губиме надежта.

Папата во продолжение на хомилијата на светата Литургија на Пасхалното бдение рече дека да се отиде во Галилеја исто така значи да се оди по нови патишта, да се оди во насока спротивна од гробот. „Многумина ја живеат „верата на спомените“ како Исус да е некоја личност од минатото, пријател од одамна поминатата младост, настан кој се случил одамна, кога како дете одев на веронаука.“ Тоа е, објасни Папата вера која ја прават навиките, работите од минатото, убавите спомени од детството. Вера која повеќе не ме допира, која за мене повеќе не е предизвик и не бара од мене лично вклучување и залагање.

Да отидеш во Галија напротив значи да научиш дека верата за да биде жива мора да нѐ поттикне да тргнеме на пат. Мора секој ден да го оживуваме почетокот на патувањето, восхитот на првата средба. Мора да нѐ поттикне да ја ставиме довербата во Бог, без претпоставката дека веќе сѐ знаеме, туку со понизноста на оние кои допуштаат да ги изненадат Божјите патишта. Да отидеме во Галилеја за да откриеме дека Бог не може да се стави меѓу спомените од детството Он е жив, секогаш изненадува. Воскреснатиот не престанува да нѐ магепсува. Тоа е второто навестување на Воскресението: верата не е репертоар од минатото, Исус не е лик од минатото. „Жив е, овде и сега. Оди со тебе секој ден, во ситуацијата во која се наоѓаш, во искушението низ кое поминуваш, во соништата кои ги носиш во себе. Отвора нови патишта каде што ти изгледа дека ги нема, те тера да пливаш против плимата на жалењето и „веќе виденото“. Дури и ако сѐ ти изгледа загубено, се отвора сѐ со чудење за неговата новост: ќе те изненади“, повика Папата во хомилијата на светата Литургија на Пасхалното бдение.

Во продолжение истакна дека да отидеш во Галија значи блиску да „појдеш на границата.“ Галија е зафрлен крај во кој „живеат оние кои се најдалеку од ритуалната чистота на Ерусалим.“ Исус сепак го започнува своето послание од таму, упатувајќи го своето навестување до оние кои тешко живеат, исклучените, немоќните, сиромашните, за да биде лице и присуство на Бог кој оди да го бара оној кој е обесхрабрен или загубен, кој оди до границата на егзистенцијата затоа што во неговите очи никој не е последен, никој не е исклучен. Воскреснатиот бара и денес од своите да одат таму. Тоа е местото на секојдневниот живот, тие се улиците по кои секој ден поминуваме, тие се аглите на улиците на нашите градови во кои Господ ни претходни и се прави присутен, токму во животот на оние кои животот на оние кои живеат покрај нас и со нас го делат времето и домот, работата, напорите и надежта.

Во Галилеја учиме дека Воскреснатиот можеме да го пронајдеме на лицата на нашите браќа, во ентузијазмот на оние кои сонуваат и во резигнацијата на обесхрабрените, во насмевките на оние кои се радуваат и во солзите на оние кои страдаат, посебно во сиромашните, и оние кои се маргинализирани. Ќе се зачудиме како Божјата величина се открива во маленкоста, како неговата убавина блеска во едноставните и сиромашните. Тоа е третото навестување на Воскресението: Исус, Воскреснат нѐ љуби безгранично и нѐ посетува во секоја наша животна ситуција. Го вткаал своето присуство во срцето на светот и нѐ повикува да ги надминеме бариерите, да ги победиме предрасудите, секој ден да им пристапуваме на оние кои се со нас и повторно да ја откриеме милоста на секојдневниот живот. Да Го препознаеме присутен во нашата Галилеја, во секојдневниот живот. Со Него животот ќе се промени. Бидејќи над сите порази, зло и насилство, над секое страдање и смрт, Воскреснатиот живее и ја води историјата“, рече Папата.

06 април 2021, 08:49