Пребарување

1618131826855.JPG

Папата ја предводеше светата Литургија во неделата на Божјото милосрдие

На втората воскресна недела, недела на Божјото милосрдие, 11 април 2021 година, папата Фрањо славеше света Литургија во римското светилиште на Божјото милосрдие во црквата Свети Дух во Сасија. Во својата проповед, тој ги повика верниците да не ја живеат половично својата вера и да не подлегнуваат на рамнодушноста, туку да го живеат заедништвото и да се наведнат пред „раните“ на оние на кои имаат најголема потреба. Ако се потпреме на нашите можности, ефикасноста на нашите структури и нашите проекти, нема да стигнеме далеку. Само ако ја прифатиме Божјата љубов, ќе можеме да му дадеме нешто ново на светот, рече Папата.

Во својата проповед, Папата ги повика верниците да сфатат дали Бог ги допрел нивните животи: „Запрашајте се дали се наведнуваш за туѓите рани. Денес е ден, во кој треба да се прашаме: ‘Јас, кој толку многу пати го примив Божјиот мир, кој толку пати го примив неговото простување и неговата благодат, дали сум милостив кон другите? Јас, кој многупати се хранев со Телото Исусово, дали нешто правам за да ги нахранам сиромашните’? Не смееме да бидеме рамнодушни. Не смееме половично да ја живееме верата, која прима, но не дава, која го прима подарокот, но не станува дар.“

Светиот Отец потоа зборуваше за учениците кои станаа „помилувани со милосрдието, стануваат милосрдни“, благодарение на Исусовите примери, кои како воскреснат, „ги утешува нивните малаксани срца“, „ги подигнува со милосрдие“, извршувајќи го така нивното „воскресение“. „Многу е тешко“, продолжи Папата, „човекот да биде милостив ако не сфати дека е помилуван со милост“.

Папата истакна три дарови, преку кои тие се помилувани со милосрдие: мир, Светиот Дух и раните. Првиот, мирот, им помага да го изгонат стравот и вознемиреноста од апсење и да завршат како нивниот Господ, кого го напуштија и од кого се откажаа и да успеат да се помират со себе.

Исус доаѓа и двапати повторува: „Мир на вас!“ Не донесува мир, кој што ќе ги отстрани нивните проблеми на надворешен начин, туку мир, кој влева доверба на внатре. Не надворешен мир, туку мир на срцето, нагласи Папата.

Исусовиот мир – објасни Папата – им помага да преминат од грижа на совест во послание и да излезат од себе. „Исусовиот мир ослободува од затвореноста која парализира, ги раскинува оковите, кои го држат срцето затворено. А учениците се чувствуваат помилувани од милосрдието: чувствуваат дека Бог не ги осудува, не ги понижува, туку верува во нив. Да, тој верува во нас повеќе отколку што ние веруваме во самите себе“.

Во Божјите очи, повтори папата Фрањо, „никој не е бескорисен, никој не е исклучен“, затоа што во неговите очи сите се скапоцени, важни и незаменливи.

После дарот на мирот, Исус им го нуди на учениците дарот на Светиот Дух за простување на гревовите на учениците кои имаат вина што го напуштија бегајќи од Учителот, а кои после тоа биле измачувани од гревот.

Нашиот грев, стои во Псалмот (сп. 50,3), е секогаш пред нас. Не можеме сами да го избришеме. Само Бог го отстранува, само Тој со своето милосрдие ни дава да излеземе од нашите најдлабоки таги. Како и учениците, треба да дозволиме да ни биде простено, од срце да кажеме: „Прости ми, Господи“. Мора да ги отвориме срцата за да дозволиме да ни биде простено. Простувањето преку Светиот Дух е воскресен дар што ни дава да воскреснеме од одвнатре. Молиме за благодат за да го примиме, да го прифатиме таинството на простување. И да сфатиме дека во центарот на исповедта не сме ние со нашите гревови, туку Бог со неговото милосрдие – рече Папата.

Исповедта не служи за да нè направи потиштени, туку за да нè оживее. Тоа на сите ни е потребно, продолжи папата Фрањо, „тоа е како таткото кога ќе го подигне малото дете кое паднало, така е „раката Отецот е подготвена да нè застане на нозе и да ни помогне да продолжиме да одиме понатаму во животот“.

„Таа сигурна и доверлива рака е исповедта. Таа е таинство кое повторно нè подигнува, која не нѐ остава расплачени да лежиме на тврдите подови на нашите падови. Тоа е Светата Тајна на воскресението, тоа е чисто милосрдие. Исповедникот, од друга страна, мора да им помогне на другите да ја почувствуваат сладоста на милосрдието. И ова е патот по кој треба да се водат оние кои исповедаат: да им се помогне да ја почувствуваат сладоста на Исусовото милосрдие, кој простува сè, рече Папата.

И на крајот, третиот дар, по мирот и простувањето, се „раните“ на Исус кои оздравуваат „со милосрдие“. Како и кај Тома, тој допира во раните на Исус „со раката, дека Бог нè сака до крај“, тие се „отворени канали меѓу него и нас, излевајќи милост врз нашите беди“, преку кои влегуваме „во неговата нежност“ веќе не сомневајќи се во неговото милосрдие и откривајќи дека „сите наши слабости се примени во неговата нежност“. Ова се случува на секоја света Литургија „каде што Исус ни го нуди своето рането и воскреснато Тело: ние го допираме и тој го допира нашиот живот“:

Оттука започнува христијанскиот пат. Ако, напротив, се потпреме на нашите способности, ефикасноста на нашите структури и нашите проекти, нема да стигнеме далеку. Само ако ја прифатиме Божјата љубов, ќе можеме да му дадеме нешто ново на светот, истакна Папата.

Учениците помилувани со милосрдието станале милостиви, никој од нив не го сметал за своја сопственост она што му припаѓало, туку сè што имале им било заедничко“. Ова не е комунизам, истакна Папата, ова е чисто христијанство. А ова уште повеќе е изненадувачко ако помислиме дека истите тие ученици пред некое време се расправаа околу наградите и почестите, кој е најголем меѓу нив“.

Споделувањето на земните добра, заклучи Папата, станува природна последица од гледањето „во другиот на она милосрдие кое ги преобрази нивните животи“ и откритието дека им е заедничко „посланието, простувањето и Исусовото тело“. Допирајќи се до раните Господови, „не се плашат да ги лекуваат раните на сиромашните. Затоа што таму го гледаат Исус. Затоа што Исус е во раните на оние во потреба.“

Помилувани од милосрдието, стануваме милосрдни, Зашто, ако љубовта заврши со самите нас, верата запаѓа во стерилна интимност. Без другите станува бестелесна. Без делата на милосрдие умира (сп. Јаков 2,17). Браќа и сестри, да воскреснеме преку мирот, простувањето и раните на милосрдниот Исус. И да молиме за милост за да станеме сведоци на милосрдието. Само на тој начин верата ќе биде жива. И животот ќе биде обединет. Само на тој начин ќе го навестуваме Божјото Евангелие, кое е Евангелие на милосрдието, рече Папата во својата хомилија.

Папата Фрањо во неделата на Божјото милосрдие
12 април 2021, 16:09