Пребарување

1617783882484.JPG

Папата Фрањо потсети на празникот на Божјото милосрдие

По завршувањето на катехезата на Генералната аудиенција во среда 7 април 2021 година, обраќајќи им се на верниците на полскиот јазик, Папата потсети дека следната недела Црквата го слави празникот на Божјото милосрдие, востановен од Свети Иван Павле II.

Тој потсети дека литургијата во таа недела го истакнува патот на милосрдието, кој поттикнува нови односи на братска солидарност меѓу луѓето затоа што ги обновува односите на секоја личност со Бога. Имено, човекот добива милосрдие од Бога, но исто така е повикан на „милосрдие“ кон другите. Да молиме за благодатта на простување и делотворна љубов кон ближниот – рече на крајот папата Фрањо.

12 април 2021, 15:58