Пребарување

Vatican News
TOPSHOT-BRAZIL-HEALTH-VIRUS

Папата: Само обединети можеме да ја надминеме пандемијата и посл

„Можно е да се надмине пандемијата, можно е да се надминат нејзините последици. Но, ќе успееме само ако сме обединети. „Ова го истакна Папата во видео порака по повод 58. Генерално собрание на Националната бискупска конференција на Бразил. Папата се обраќа на бразилските бискупи, но пораката е глобална.

„Преку вас, сакам да им се обратам на сите Бразилци во време кога оваа сакана земја се соочува со едно од најтешките искушенија во својата историја. Папата Фрањо ова го истакна во видео порака испратена до учесниците на 58. Генерално собрание на Националната бискупска конференција на Бразил, која се одржува преку интернет од 12 до 16 април 2021 година на тема: „Столбот на Божјото Слово – Библиска преродба во пасторалната грижа“.

„Би сакал да ја искажам мојата блискост со стотици илјади семејства кои тагуваат за загубата на некој близок“, рече Папата на шпански јазик. Млади и стари, татковци и мајки, лекари и волонтери, свештени лица, богати и сиромашни: пандемијата не исклучи никого од страдање. Мислам, посебно на епископите, жртви на Ковид – 19. „Го молам Бог да им даде вечен мир на починатите и да ги утеши страдалните срца на роднините, од кои некои дури и не биле во можност да се збогуваат со своите најблиски. Напуштањето на овој свет во осаменост е една од најголемите болки на оние кои заминуваат“.

„Нашата вера во воскреснатиот Христос ни покажува дека можеме да го надминеме овој трагичен момент“, продолжува Светиот Отец. „Надежта ни дава храброст да се кренеме повторно. Сочувството нè поттикнува да плачеме со оние кои плачат и да им подадеме рака, посебно на оние на кои имаат поголема потреба, за да се насмеат повторно. Сочувството нѐ турка, како бискупи, да го отфрлиме она што ни е непотребно, секоја знае што.“ „Можно е да се надмине пандемијата, можно е да се надминат нејзините последици”, рече папата Фрањо. „Но, ќе успееме само ако сме обединети. Во овој момент, Епископската конференција мора да биде обединета затоа што страда цел народ.“

Да се биде средство за помирување и единство – тоа е посланието на Црквата во Бразил – нагласува папата Фрањо. Денес повеќе од кога било! За ова е потребно да се остават настрана поделбите и несогласувањата. Да се обединиме во суштинското. Со Христос, за Христа и во Христа, за да можеме повторно да го откриеме „единството на Духот во врската на мирот“. (Ефесјаните 4, 3) „Само тогаш, како пастири на Божјиот народ, ќе можете да ги поттикнете не само католичките верници, но и други христијани, како и други мажи и жени со добра волја, на сите нивоа од општеството, дури и институционални и владини. Може да поттикнете да се работи заедно, за да го надминеме не само коронавирусот, но и еден друг вирус кој долго време го има заразено човештвото: вирусот на рамнодушност, кој произлегува од себичноста и раѓа социјална неправда“.

19 април 2021, 10:20