1618135132057.JPG

Царице небесна: Бидете помилувани од Божјото милосрдие

Папата Фрањо на 11 април 2021 година од светилиштето на Божјото милосрдие во црква Светиот Дух во Сасија, Рим се обрати пред молитвата Царице небесна.

Пред да го завршам ова славење, би сакал да им се заблагодарам на сите што соработуваа за нејзината подготовка и преносот во живо. И ги поздравувам сите што се поврзани преку медиумите.

Посебни поздрави упатувам до присутните тука во црквата Светиот Дух во Сасија, која е Светилиште на Божјото милосрдие: редовните верници, медицинските сестри, затворениците, лицата со попреченост, бегалците и мигрантите, болничките сестри на Божјото милосрдие, волонтерите за цивилна заштита.

Вие претставувате некои реалности во кои милосрдието станува конкретно, станува блискост, служење, внимание кон луѓето во тешкотија. Сакам секогаш да се чувствувате помилувани од милосрдието како би можеле и самите да бидете милосрдни.

Богородица, Мајка на милосрдието, нека се моли за оваа благодат за сите нас.

12 април 2021, 16:12

Што е Царице небесна?

Антифонот Царице небеска (Regina Caeli) е еден од четирите маријански антифони (другите се Alma Redemptoris Mater, Ave Regina Coelorum и Salve Regina).

Папата Бенедикт XIV, во 1742 година, ја пропиша офаа молитва да се моли наместо Ангел Господов, како знак за победа над смртта, за време на Воскресното време, односно од неделата на Воскресение до денот на Педесетницата.

Како и Ангел Господов, и оваа молитва се моли трипати на ден: наутро, напладне и на зајдисонце, и на тој начин денот го посветуваме на Бог и на Марија.

Овој многу стар антифон датира, според една побожна традиција, од VI или X век, додека нејзиното распространување е документирано во XIII век, кога станува дел од Фрањевскиот часослов. Молитвата се состои од четири кратки стихови од кои секој завршува со Алилуја, и истата претставува молитва што верниците ја упатуваат до Марија, небесната Царица, и така заедно со неа се радуваме за Воскресението.

Папата Фрањо, на 6 април 2015 година, токму за време на молитвата Царице небесна на вториот ден од Велигден, даде совет за тоа каква треба да биде состојбата на срцето кога се моли оваа молитва:

„ ...Се обраќаме кон Марија поканувајќи ја да се зарадува, бидејќи Оној што го носеше во утробата воскресна како што вети и така се доверуваме на нејзиното застапништво. Всушност, нашата радост претставува еден отсјај на радоста на Марија, бидејќи Таа е онаа што ги зачувала и ги чува со вера настаните на Исус. Значи, ја молиме оваа молитва со чувство на деца кои се среќни, бидејќи нивната Мајка е среќна“.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >