Пребарување

1616413531423.JPG

Папата Фрањо: Христијанинот прави добро денес; тој не е човек на вечното утре

Примајќи ја во аудиенција заедницата на филипинскиот Папски институт „de Nuestra Seraora de la Paz y Buen Viaje“, (Богородица на мирот и доброто патување) Папата зборуваше за верата и вредноста на времето, кое треба да се живее во сегашноста, со конкретно служење. Треба да се обрне внимание на „мистиката на јадосување“ што е симптом на болна душа

Ова е време на големи прослави за филипинската католичка заедница. Пред 500 години е првото навестување на верата во таа азиска земја, 31 март спомен на првата света Литургија која се служеше во 1561 година на Велигден, и на крајот годишнината што беше повод за аудиенцијата кај папата Фрањо во која тој ги прими членови на филипинскиот Папски институт „de Nuestra Señora de la Paz y Buen Viaje“, основана пред точно 60 години од Свети Иван XXIII. Тоа е институција - истакна Папата - која на бројни всеменаристи и свештеници им даде можност да се развиваат како свештеници според срцето на Христос, да му служат на Божјиот народ на Филипините.

Споменатите годишнини - според зборовите на Папата – се можности да размислуваме за времето и да можеме да му кажеме на Господ „благодарам“ за неговото присуство и да можеме да гледаме напред со пророчки поглед. Сегашноста е моментот во кој Бог повикува; не вчера, не утре, денес - забележа Папата - повикани сме да живееме денес, вклучувајќи ги неговите противречности, страдања и беди - како и нашите гревови – од кои не треба да се бега или избегнуваат, туку треба да бидат прифатени и сакани како дадени можности кои ни ги дава Господ за да можеме поблиску да се соединиме со Него и на крстот.

Да погледнеме зад нас, да одиме во сеќавањата, да се вратиме по стапките на оние што поминаа пред нас, - објасни Папата - значи да се вратиме на почетоците со чувство на благодарност и восхитување. Секоја годишнина дава можност за прелистување на „семејниот албум“ и да се потсетиме од каде потекнуваме, во каква вера сме живееле и кои евангелски сведоштва ни овозможиле да бидеме тоа што сме сега. Сеќавање, зарем не? - праша Папата. Сеќавање кое секогаш е во основата на секојдневниот живот. Сеќавање на поминатиот пат… Христијанството без сеќавање е енциклопедија, но не е живот.

Минатото е парохот, бабата, родителите кои ја запалија љубовта кон Исус, а за свештениците тоа е моментот на нивното „да“ на повикот или денот на ракополагање. Треба да се вратиме таму за да исправиме, охрабриме, оживееме и простиме, а најмногу од сè - истакна Папата - повторно да откриеме дека Господ не држеше за рака, дури и кога не го забележувавме. Кога ќе се почувствувате уморни и обесхрабрени - на секого му се случува да се чувствува депресивно поради некое судење или неуспех - погледнете го својот живот, не за да избегате во некое „идеално“ минато, туку повторно да ги откриете занесот и емоциите на „првата љубов “, како Јеремија. Ние мора да се вратиме на нашата прва љубов - повтори папата Фрањо.

Минатото ни дава можност да бидеме свесни колку е цврста нашата вера и нашиот повик, додека иднината, која е училиште на надеж, ги шири нашите хоризонти - забележа Папата и истовремено предупреди: Како што минатото не смее да биде интимистичко повлекување, така мора да се бориме против искушението да бегаме напред, кога својата сегашност не ја живееме во мир. Папата Фрањо исто така ги знае напорите на семинаријата, тешкотиите во иднината, иднината закотвена во сегашноста и во минатото, но и поттикнува да се оддалечи од „мистиката на јадосување“, да не попушти пред лавиринтот на незадоволството и непријатноста што се почеток на грда болест, огорченост на душата.

Почитувани свештеници - иако ова може да важи и за лицата посветени на Бога и за лаиците - не бидете луѓе на вечното утре, кои секогаш го префрлаат напред погодниот и одлучувачки момент да направат нешто добро; и не живееј вечно „без здив“, ограничувајќи се да ја поднесеш сегашноста и да чекаш да помине - рече Папата. Иднината значи да го прифати пророчко гледиште, да започнеме од она што го имаме за да бидеме попустлива алатка во Божјите раце, созревајќи во нашиот сопствен повик.

Повикани сме да живееме сега во движење за преобраќање и посветување, во време на конкретност, за оние кои се во семинаријата, се состои од проучување и формација. Не треба да се жалиме, советуваше Папата, за парохијата од која доаѓам, ниту пак треба да се препуштаме на соништа за идни угледни должности; повикани сте да ја сакате заедницата во која живеете, да им служите на браќата што Бог ги стави покрај вас, да ги искористите можностите за пасторална практика, кои ви се овозможени.

Станува збор за тоа да бидете сериозни и вредни при студирањето. Познавајте го минатото, фокусирајте се на иднината, за да ја живеете сегашноста подобро, погодно време за формација и посветување, прифаќајќи ги можностите кои ви ги дава Господ да го следите и да го обликувате животот со него, исто така и кога сте далеку од вашите сакани Филипинци - рече папата Фрањо и на крајот потсетувајќи се на зборовите на Свети Иван XXIII. со кои им се обрати на првата заедница на тој филипински институт и охрабри присутните, кога ќе се вратат на Филипините, дека треба да бидат избрани гласници на вистината, потхранети со верата, културата и братската средина.

22 март 2021, 23:11