Папата на Чиста Среда: Постот не е збир на жртви и одрекувања, туку пат да се вратиме кај Бог

На светата Литургија - Пепелница во среда 17 февруари 2021 година во базиликата Свети Петар во Ватикан, папата Фрањо повика да чекориме со понизност и маленкост на патот што води до Велигден. Потребно ни е Исусовото исцелување. Треба да се запрашаме дали нашето срце е „разиграно“, дали го љуби „малку Господ, потоа малку и светот“ или е постојано во Бога, рече тој во својата проповед. Светата Литургија со обредот пепелење беше служена во базиликата Свети Петар во Ватикан, според прилагодениот обред, а не како порано во базиликата Света Сабина на Авентино. Бројот на верници кои присуствуваа беше многу ограничен заради почитување на епидемиолошките мерки. Денес не се одржа редовна Генерална аудиенција.

Светата Литургија со обредот пепелење беше служена во базиликата Свети Петар во Ватикан, според прилагодениот обред, а не како порано во базиликата Света Сабина на Авентино. Бројот на верници кои присуствуваа беше многу ограничен заради почитување на епидемиолошките мерки. Денес не се одржа редовна Генерална аудиенција.

Конгрегацијата за богослужи и дисциплина на Светите Тајни во јануари објави документ за обредот пепелење во време на пандемија. Според документот, свештеникот само еднаш ја изговара формулата како што е наведено во Римскиот мисал: „Покај се и верувај во Евангелието“ или „Запомни, човеку, дека си прав и дека ќе се вратиш во прав“ и со маска на лицето посипува пепел на оние кои пристапуваат или доколку е потребно, оди кај оние што останале на своите места. Ништо не зборувајќи, свештеникот посипува пепел врз главата на секој верник. Така, на крајот на обредот за благослов на пепелта, Папата само еднаш за сите ја изговори едната формула, по што ги посипа кардиналите, а после тоа кардинал Анџело Комастри го посипа Светиот Отец. Неколку фрањевци посипуваа пепел врз присутните верници.

Постот е пат да се вратиме кај Бог, време да ги „провериме патиштата по кои одиме“ и повторно да ја отркиеме „основната поврзаност“ со Отецот од кој зависи сè. Не смееме да го следиме правот за „работите кои денес постојат, а утре веќе исчезнуваат“, туку да го насочиме „компасот“ на нашите животи кон него, рече Папата на проповедта за време на светата Литургија на Чиста Среда, потсетувајќи дека Великиот пост не е „збир на жртви и одрекувања, туку време за распознавање кон што се стреми нашето срце“.

Постои опасност, предупреди Светиот Отец, на тој пат да нѐ попречуваат „заводливи замки на пороци, лажна сигурност во парите и надворешноста, виктимистичко јадосување кое парализира“ како што бил случај со Израелскиот народот кога го напуштал Египет. „Било потешко да се остави Египет срцето на Божјиот народ, оној Египет кои тие секогаш го носеле во своите души, отколку да ја напуштат земјата египетска“ - рече Папата. Постот значи е „ослободување од ропството“.

Постот е понизно слегување во себе и кон другите. Ова значи да се сфати дека спасението не е очекување на слава, туку слегување поради љубов. Тоа значи да се стане мал. За да не се изгубиме и залутаме по тој пат, треба да застанеме пред Исусовиот крст: тој е тивок Божји престол. Да ги гледаме секој ден неговите рани, раните што ги однесе на Небото и му ги покажа на Отецот, во сите денови, во неговата молитва и застапништво. Секој ден да ги гледаме неговите рани. Во неговите прободени екстремитети и страна да ја препознаеме нашата празнина, нашите недостатоци, раните од гревот, ударите кои нѐ болат. А сепак, таму гледаме дека Бог не покажува со прст во нас, туку нè пречекува со ширум раширени раце, рече Папата, повикувајќи ги верниците да ги љубат Исусовите рани. „Во најболните области од животот, Бог нè чека со своето бескрајно милосрдие. Каде сме најранливи, каде сме најмногу засрамени, таму Тој ни доаѓа во пресрет.

Сите имаме духовни болести, не можеме да ги лекуваме сами. Сите ние имаме вкоренети пороци, не можеме да ги искорениме сами; сите имаме стравови кои нѐ кочат, не можеме да ги надминеме сами. Треба да земеме пример од лепрозниот во Евангелието кој се врати кај Исус и падна пред неговите нозе. Потребно ни е Исусовото исцелување. Затоа треба да застанеме пред Него и да ги ставиме пред Него своите рани и гревови. Пепелта на нашите глави нè потсетува дека сме прав и дека ќе се вратиме во прав, истакна Папата, потсетувајќи дека „токму во тој наш прав Бог го вдахна Духот на животот“. Затоа, не смееме во животот да го следиме правот, да ги следиме работите кои денес постојат, а веќе утре исчезнуваат. Да се вратиме на Духот, Животодавецот, да се вратиме на Огнот кој го оживува нашиот прав, на огнот што нè учи да сакаме. Да се вратиме на молитвата кон Светиот Дух, повторно да го откриеме благодарниот оган, кој ја гори пепелта на жалост и резигнацијата.

Сепак, „никој не може да се смири со Бога со сопствена сила“, Господ ни претходи така што ќе ни излегува во пресрет: почетокот на враќањето е значи да препознаеме дека имаме “потреба од милосрдие“. Затоа, треба да се запрашаме дали нашето срце е „разиграно“, дали го љуби „малку Господ, потоа малку и светот“ или е постојано во Бога.

Преобразувањето на срцето во дела и гестови кои тоа го покажуваат е можно само ако се започне од приматот на Божјото дејствување. Не нѐ враќаат кај Бог нашите способности и заслуги со кои се фалиме, туку неговата милост која треба да ја прифатиме. Исус ни го кажа ова јасно во Евангелието: праведници не нѐ прави праведноста, која ја покажуваме пред луѓето, туку искрениот однос со Отецот, рече Папата во својата проповед.

17 февруари 2021, 14:23