Папата Фрањо со Едит Брук Папата Фрањо со Едит Брук 

Папата ненадејно ја посети Едит Брук

Папата Фрањо во сабота попладне на 20 февруари 2021 година во Рим ја посети унгарско-италијанската писателка Едит Брук, која го преживеала нацистичкиот логор Аушвиц.

Имено, Папата го прочитал нејзиното интервју во полуофицијалниот ватикански дневен весник L'Osservatore Romano и посакал да ја запознае, ја посети во нејзиниот римски стан за да и се заблагодари за тоа сведоштво.

Родена во Унгарија во големо еврејско семејство, Брук била депортирана во 1944 година во концентрациониот логор Аушвиц, а потоа во концентрациониот логор Дахау, а е ослободена во концентрациониот логор Берген-Белсен во 1945 година. Во 1954 година заминува во Италија, каде подоцна добива државјанство. Во своите често наградувани дела, често се занимава со своето детство и холокаустот.

Покрај ужасот, кој го доживеало нејзиното семејство во нацистичкиот прогон, Брук опишува и средби со луѓе кои ѝ го спасиле животот, што многу го импресионирало Папата. Тој изрази желба нивната средба да не се одржи во официјалната атмосфера во Ватикан, а Брук со задоволство го прими во својот дом.

21 февруари 2021, 22:50