Пребарување

Vatican News
Божјото милосрдие Божјото милосрдие 

Папата Фрањо потсети на света Фаустина Ковалска

Папата Фрањо на крајот од молитвата Ангел Господов во недела 21 февруари 2021 година потсети на полската монахиња света Марија Фаустина Ковалска.

Драги браќа и сестри,

Упатувам срдечни поздрави до сите вас, Римјани и поклоници. Посебно ги поздравувам полските верници. Денес моите мисли се во светилиштето во Плоцк, Полска, каде што пред деведесет години Господ Исус се објави на света Фаустина Ковалска, доверувајќи ѝ посебна порака за Божјото милосрдие. Благодарение на свети Иван Павле II. таа порака се прошири низ целиот свет и никој друг, само Евангелието на Исус Христос, кој умре и воскресна, ни го дава милосрдието на Отецот. Да му ги отвориме срцата, говорејќи му со вера: „Исусе, се доверувам на тебе“.

21 февруари 2021, 18:45