Молитвени накани на папата Фрањо за 2022 Молитвени накани на папата Фрањо за 2022 

Молитвени накани на папата Фрањо за 2022 година

Папата Фрањо ги слуша потребите на светот и се моли за него. Од млади до претприемачи, од семејства до Црквата на излегување, за стари лица, деца жртви на насилство. Сите тие се протагонисти на Папските молитвени накани за следната година, со кои бара солидарност, заштита на човечкото достоинство, раст во верата и храбро сведочење.

Светот со своите предизвици и со своите протагонисти е доверен на Господ преку молитвата. Така месец по месец ќе биде и во 2022 година. Станува збор за молитвени накани кои папата Фрањо ги предвидел за следната година, кои ќе ги проследи со вообичаеното видео на Светската молитвена мрежа.Првата молитва за јануари во совршен континуитет со година во тек е посветена на братството, за сите кои се жртви на дискриминација и верски прогонства да им бидат признати правата и достоинството кое се раѓа токму од фактот дека сме браќа.

Во февруари посебно ќе се моли на богопосветените жени и монахињи, да продолжат да пронаоѓаат решенија за предизвиците на нашето време, како што се на пример оние на подрачјето на биоетиката, на кои пак е доверен месец март. Во третиот месец во 2022 година имено ќе се моли за тоа христијаните да знаат секогаш со молитва и општествено делување да ја промовираат заштитата на животот.

Пандемијата и семејството се во центарот на периодот од април до јули. Молитвената накана во април е посветена на здравствениот персонал, кој во последните две години секогаш е на првата линија, а посебно оние кои работат во најсиромашните земји, да имаат поддршка од властите и локалните заедници.

Потоа следуваат различните компоненти на семејното јадро. Во мај во срцето на Папата на посебен начин се младите и нивната вера; во јуни христијанските семејства во целина, а во јули старите лица. Папата Фрањо поттикнува на молитва до Господ за секоја од тие компоненти да расте во храброста на верата, во посветувањето на службата, во бесплатноста на љубовта и светоста на секојдневниот живот. Посебно за старите лица кои – како што е истакнато – се корените и сеќавањето на секој народ – Папата бара нивното искуство и нивната мудрост да им помогнат на младите да гледаат во иднината со надеж и одговорно.

Предизвиците на денешниот свет повторно се во центарот на молитвените накани во август, септмври и октомври 2022 година. Папата повика на молитва за малите и средните претприемачи, за да можат да продолжат да им служат на заедниците и покрај сегашните големи економски тешкотии. Во септември пак молитвената накана се однесува на укинувањет на смртната казна, на таа тема многу драга на папата Фрањо која повторно преку молитвата бара нејзино укинување во законодавствата на сите земји во светот. Во октомври Црквата е во центарот на молитвата на Папата; за да биде верна на Евангелието и храбра во навестувањето, да биде место на солидарност, братство и прифаќање и уште повеќе да ја живее синодалноста.

Ноември 2022 година во наканите на Папата ќе биде посветен на молитвата за децата кои поднесуваат разни облици на насилство и злоупотреба; за да имаат пристап до образованието и повторно да ја откријат љубовта во семејството. На крајот во декември годината ќе заврши со молитва за организациите за волонтерството и промовирање на човекот, за да може да расте пронаоѓајќи луѓе желни да се ангажираат за општото добро и да бараат секогаш нови патишта за соработка на меѓународно ниво.

19 февруари 2021, 09:00