Пребарување

Книгата „Имај го Господ во срцето“. “ Книгата „Имај го Господ во срцето“. “ 

Папата: Да бидеме соединети во молитвата

Духовните вежби во Великиот пост на Римската курија оваа година, поради пандемијата, нема да се одржат. На сите учесници Папата им подари книга со наслов „Имај го Господ во срцето“, преземена од еден стар ракопис од XVII. век.

Куќата на Божествениот учител во Арича, недалеку од Рим, нема да биде домаќин на Папата и неговите соработници оваа година на духовните вежби во Великиот пост, кои требаше да се одржат од 21 до 26 февруари. Папата Фрањо сакаше да ја покаже својата блискост и да ги охрабри сите на индивидуална молитва на далечина и затоа на сите им подари книга со наслов „Имај го Господ во срце“. Книгата е објавена од издавачката куќа Сан Паоло, а ја уреди бискупот Даниеле Либанори.

Со секоја книга има пропратно писмо од Папата упатено до надбискупот Едгар Пењи Пари, заменик за општи работи во Државниот секретаријат. Поради неможноста да се молиме заедно, Светиот Отец ги поканува сите членови на куријата да ги направат духовни вежби таму каде што им е најпогодно. Покрај тоа, тој повикува на единство во молитвата. Сигурен сум – пишува Папата - дека книгата „Имај го Господ во твоето срце“ ќе ни помогне на сите во нашиот духовен живот. Соединети во молитва, едни за други - додаде на крајот папата Фрањо.

Споменатата книга е стар ракопис, еден вид збирка белешки напишани на црковно латински јазик, најверојатно од XVII. век, пронајдено во Ферари на еден од малите пазари за користени книги каде што често може да се најдат неочекувани убави изненадувања. Во предговорот бискупот Либанори истакнува како е убеден дека станува збор за лични белешки за проповедање кои монахот, учител во манастирот Свети Вартоломеј, ги наменил за неговите ученици. Белешките се исто така со медитации и напомени за многу библиски цитати.

23 февруари 2021, 09:41