Објавен распоредот за богослужби на папата Фрањо во јануари и февруари
На третата недела во годината – недела, која според Апостолското писмо Aperiut illis од 2019 година е посветена за размислување и ширење на Словото Божјо. Со почеток во 10.00 часот папата Фрањо ќе ја предводи светата Литургија во базиликата Свети Петар. Следниот ден, 25 јануари, на празникот Преобраќање на свети Павле и завршување на 54. Молитвената осмина за единство на христијаните, Папата ќе ја предводи во 17:30 часот Вечерната молитва во римската базилика Свети Павле надвор од градските sидини, која традиционално е домаќин на настани со екуменски карактер.
Во февруари има само еден датум во календарот за богослужби на Папата. Имено на 2 февруари, папата Фрањо ќе ја предводи светата Литургија на празникот Сретение Господово и воедно 25. Светски ден на посветениот живот. Литургијата со папата Фрањо на овој ден, со почеток во 17:30 часот, повторно ќе биде во ватиканската базилика, а ќе присуствуваат членови на заедници на посветен и апостолски живот.