Пребарување

Vatican News

Молитвена накана на папата Фрањо за јануари 2021

Во првата видео снимка на папата Фрањо во 2021 година, е молитвената накана посветена на братството кое нè поттикнува да ги познаваме и да ги сакаме другите, браќа и сестри од другите религии.

Првата видео снимка на папата Фрањо во 2021 година е посветена на братството, за кое Папата ја повикува Црквата да моли во текот на јануари. Таа накана која ја разви Папската светска молитвена мрежа со поддршка на Ватикан Медија потсетува на неодаменшната енциклика на Папата „Fratelli tutti“ и важниот Документ за човековото братство за мир во светот и за заеднички живот кои на 4 февруари 2019 година во Абу Даби го потпиша папата Фрањо и големиот имам Ал-Азхар, Ахмед Ал-Тајб.

Ако Го молиме Бог наследувајќи Го Исуса – рече Папата – се соединуваме како браќа со оние други култури, традиции и верувања. Молитвата е како нишка која соединува, алка која ги поврзува браќата кои молат. Братството ни помага да се отвориме за Отецот на сите луѓе и да видиме во другиот брат, сестра со кои треба да го споделиме животот и взаемно да се поддржуваме, за да сакаме и да запознаваме – рече Папата и потсети дека Црквата го вреднува Божјото делување во другите религии, не заборавајќи дека за нас христијаните е извор на човечкото достоинство и братство во Евангелието на Исус Христос.

Истакнувајќи потоа дека е важно да го гледаш она важното и да се вратиш на изворите, Папата рече дека во нашата вера е важно поклонувањето на Бог и љубовта кон ближниот. Свесни за таа сигурност пред нас се отвора хоризонтот на милостите. Да Го молиме Господ да ни даде милост за да живееме во полно братство со браќата и сестрите од другите религии без препирки молејќи се еден за друг, отворени за сите  – истакна папата Фрањо.

После 2020 година обележана со пандемијата на здравствено, но и на општествено-економско ниво, посебно е важно таа накана на Светиот Отец да ни помогне навистина повеќе да се гледаме како браќа и сестри на патот кон мирот кој станува се попотребен – рече патер Фредерик Форнос, меѓународен директор на Папската светска молитвена мрежа. Притоа потсети на осмото поглавје од неодамна објавената енциклика на папата Фрњо во кое ја истакнува важноста на религиите за градењето на братството и за заштита на праведноста во општеството. Желба на патер Форнос е преку братството луѓето да се соочуваат со предизвиците на светот и со заедничкиот дом. Братството кое почитува и ги вреднува разликите – напоменува – во стил на Царство Божјо

13 јануари 2021, 23:14