Папата Фрањо се заблагодари за божиќните честитки
По молитвата Ангел Господов одржана во библиотеката на Апостолската палата на празникот Свети Стефан во саботата, на 26 декември, Папата, како и обично, се заблагодари за Божиќните честитки што ги прими деновиве.
„Атмосферата на Божиќ, која продолжува и денес и сè уште ги исполнува нашите срца, нека ја разбуди кај исте желбаата да размислиме за Исус во јаслите за да можеме да му служиме и да го сакаме во луѓето кои се покрај нас. Низ овие денови добив Божиќни честитки од Рим и други делови на светот. Невозможно е да одговорам на секој поединечно и ја користам оваа можност да им се заблагодарам на сите, особено за дарот на молитва која ја упатувате за мене и на која со задоволство возвраќам“ - рече Папата.
26 декември 2020, 22:10