Папата се моли за маченичките на Салвадор
Сакам да ја загарантирам мојата молитва за Нигерија, која за жал повторно е завиена во црно поради маскарот извршен од терористи. Минатата сабота, на североистокот на земјата, брутално се убиени повеќе од стотина земјоделски работници. Бог нека ги прими во својот мир и нека ги утеши членовите на нивните семејства и нека ги преобрати срцата на оние кои вршат ужасни работи, со кои се осквернува неговото име.
Денес се одбележува четириесетгодишнината од смртта на четворицата северноамерикански мисионерки убиени во Ел Салвадор: сестрите Мерикнол Ита Форд и Маура Кларк, сестрата Урсулинка Дороти Казел и волонтерката Жеан Донован. На 2 декември 1980 година, беа киднапирани, силувани и убиени од припадници паравоени сили. Тие ја извршуваа својата служба во Ел Салвадор за време на Граѓанската војна. Со евангелска посветеност и изложување на големи опасности, носеа храна за бегалците и им помагаа на најсиромашните семејства. Овие жени ја живееја својата вера со голема великодушност. Тие се пример за секого што значи верни ученици мисионери.