Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо за времена молитвата Ангел Господов на 27 декември 2020 година Папата Фрањо за времена молитвата Ангел Господов на 27 декември 2020 година  (Vatican Media)

Папата најави година поветена на семејството и Amoris Laetitia

На празникот на Светото семејство, во недела 27 декември 2020 година, папата Фрањо ја најави годината посветена за размислување и подлабоко проучување на содржината на Апостолскиот поттик Amoris Laetitia.

Годината ќе започне на празникот Свети Јосиф, 19 март 2021 година, пет години по објавувањето на Апостолскиот поттик Amoris Laetitia и ќе заврши на 26 јуни 2022 година по повод 10. Светска средба на семејствата. Посебната година посветена на семејството е вдахновена од идеалот на брачна и семејна љубов овоплотена во Исус.

Тоа ќе биде година на размислување за Amoris laetitia и можност за подлабоко проучување на содржината на тој документ. Овие размислувања ќе бидат ставени на располагање на црковните заедници и семејствата за да ги придружуваат на нивното патување. Веќе уште сега ги поканувам сите да се приклучат на иницијативите што ќе бидат промовирани во текот на таа година и кои ќе бидат координирани од Дикастеријата за лаици, семејство и живот. Ова чекорење на семејства од целиот свет му ја доверуваме на Светото назаретско семејство, посебно на Свети Јосиф, сопруг и грижлив татко“, објасни Папата во обраќањето за време на молитвата Ангел Господов на празникот на Светото семејство.

За семејствата од целиот свет, оваа година ќе претставува од на подлабоко проучување на Апостолскиот поттик Amoris Laetitia, кој е плод на двете синоди за семејството одржани во 2014 и 2015 година, а документот беше потпишан на 19 март 2016 година.

27 декември 2020, 14:28