Папата упати телеграма со сочувство до виенскиот надбискуп, кардинал Шонборн
Во телеграмата се истакнува дека папата Фрањо е длабоко погоден од „насилството во Виена кое на невини луѓе им донесе смрт и тага“. Тој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите и целиот австриски народ. Исто така ја искажа својата близина и молитва за ранетите и нивно брзо оздравување.
Папата ги довери жртвите на Божјото милосрдие и го моли Господ за прекин на насилството и омразата и свртување кон другиот и промовирање на мирен соживот во општеството.
На крајот од телеграмата ги благослови сите кои се погодени од трагедијата.
На својот Твитер профил Папата напиша: !Ја искажувам својата тага и згрозеност од терористичкиот напад во Виена и се молам за жртвите и нивните семејства. Доста е насилство! Заедно да го зајакнеме мирот и братството. Само љубовта може ја да смири омразата.“