Пребарување

Последици од ураганот Јута, 21 ноември 2020 Последици од ураганот Јута, 21 ноември 2020 

Папата се моли за населението во Средна Америка

По молитвата Ангел Господов на 29 ноември 2020 година, папата Фрањо ја искажа неговата близна со настраданите од ураганите во Средна Америка и посака добар од во времето на адвент.

Драги браќа и сестри!

Би сакал уште еднаш да ја искажам мојата близина со населението во Средна Америка погодено од силни урагани, посебно сакам да ги спомнам островите Свети Андреј, Провиденција и Света Катарина, како и пацифичкиот брег на северна Колумбија. Се молам за сите земји кои страдаат од оваа природна катастрофа.

Срдечни поздрави упатувам до вас, верниците од Рим и поклониците од разни земји. Посебно ги поздравувам оние - за жал во многу ограничен број - кои дојдоа по повод именувањето на новите кардинали, што се одржа вчера попладне. Да се помолиме за тринаесетте нови членови на Кардиналскиот колегиум.

На сите ви посакувам пријатна недела и добар од во адвентот. Да настојуваме да извлечеме добро и од тешките ситуации што ни ја наметна пандемијата: поголема трезвеност, дискретно и насочено внимание кон ближните кои може да се во потреба, неколку моменти на едноставна семејна молитва. Овие три работи ќе ни помогнат многу: повеќе трезвеност, дискретно и насочено внимание кон најблиските кои можеби се во потреба, а потоа и ова е многу важно, неколку моменти на едноставна семејна молитва. Ве молам, не заборавајте да се молете за мене. Ви посакувам пријатен апетит и догледање.

29 ноември 2020, 19:56