Папата потсетува на неизлечените рани од земјотресот во Ирпинија
Драги браќа и сестри!
Би сакал да упатам посебен поздрав до жителите во Кампанија и Базилкате, четириесет години по катастрофалниот земјотрес, чиј епицентар беше во Ирпинија и остави зад себе смрт и уништување. Поминаа веќе четириесет години! Овој драматичен настан, чии рани дури и материјални сè уште не се зараснати целосно, ја изнесе на виделина великодушноста и солидарноста на Италијанците. За тоа сведочат бројните збратимувања помеѓу погодените крааеви и оние од северот и центарот, чии врски сè уште постојат. Овие иницијативи придонесоа за тешкиот пат на обнова и пред сè за братство меѓу различните заедници на Полуостровот.
Ве поздравувам сите вас, Римјани и поклоненици, кои и покрај сегашните тешкотии и со почитување на мерките, дојдовте на плоштадот Свети Петар. Посебни поздрави до семејствата на кои им е особено тешко во овој период. Помислете на многу семејства кои во моментот се во тешкотии затоа што немаат работа, ја изгубиле работата, имаат едно, две деца...; а понекогаш и од срам не го покажуваат тоа. Но, вие сте тие што одите и гледате каде има потреба, каде е Исус, каде што Исус има потреба. Направете го тоа!
На сите им посакувам пријатна недела и на оние од Безгрешна Девица, многу се силни! И ве молам, не заборавајте да се молите за мене. Добар апетит и догледање.