Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 18 ноември 2020 година Папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 18 ноември 2020 година   (Vatican Media)

Папата потсети на осветувањето на базиликите Свети Петар и Свети Павле

Во поздравот до верниците по завршувањето на Генералната аудиенција во среда 18 ноември 2020 година папата Фрањо потсети дека денес се слави осветувањето на базиликата Свети Петар во Ватикан и базиликата Свети Павле надвор од ѕидините, на Виа Остиенсе.

„Нека овој празник, кој ја потенцира важноста на црквата, која е света градба каде што се собираат верниците, нека ја разбуди во нас свеста дека секој човек е повикан да биде жив храм на живиот Бог“ - рече Папата, „

На крајот Папата им се обрати на старите лица, младите, болните и на младенците.

„Ве повикувам да ја сакате Црквата Господова; да соработувате великодушно и со ентузијазам во нејзината изградба; да го живеете приносот на вашите молитва и вашите страдања како вреден придонес кон градењето на Црквата, престојувалиштето на Севишниот меѓу нас“.

18 ноември 2020, 15:16