: Поплави во Манила : Поплави во Манила  

Папата моли за настраданите во Филипините и Романија

По завршувањето на молитвата Ангел Господов во недела 15 ноември 2020 година, папата Фрањо повика на молитва за поплавите во Филипините, како и за жртвите од пожарот во болницата во Романија.

Драги браќа и сестри,

Во молитвите сум со населението во Филипините, кое страда од опустошувањето, а пред се од поплавите предизвикани од силниот тајфун. Изразувам солидарност со најсиромашните семејства погодени од овие неволји и поддршка за оние кои прават сè за да им помогнат.

Потоа во мислите ми се и Брегот на Слонова Коска каде денес се слави Националниот ден на мирот во време на социјални и политички тензии кои за жал земаа многу жртви. Се придружувам во молитвите до Господа за дарот на националната слога и ги повикувам сите синови и ќерки на оваа мила земја да работат одговорно за помирување и мирен соживот. Особено ги охрабрувам различните политички чинители да воспостават атмосфера на взаемна доверба и дијалог во потрагата по праведни решенија што го штитат и промовираат општото добро.

Вчера изби пожар во една болничка зграда во Романија, во кој има повеќе жртви, каде беа хоспитализирани повеќе пациенти заболени од коронавирус. Ја изразувам мојата блискост и се молам за нив. Да молиме за нив.

15 ноември 2020, 19:16