Папата Фрањо со членовите на Папската латиноамериканска богословија Папата Фрањо со членовите на Папската латиноамериканска богословија 

Папа: Ковидот влева страв, помогнете му на светот да не се затвора

Папата Фрањо на 20 ноември 2020 година ги прими во аудиенција членовите на Папската латиноамериканска богословија, повикувајќи ги да работат на „заздравување на светот од големото зло што го измачува: поради вирусот, свет кој го отфрла дијалогот“. Помогнете им на сите да ја отворат вратата на своето срце, да се грижат за луѓето, така што чувството на братство може да ги надмине сите разлики.

„Создадете простор каде можат Бог и ближниот да се сретнат. Пред сè, заздравете ги од долу срца на оние кои се затвораат поради страв од пандемија. Ова е мисијата што папата Фрањо им ја довери на членовите на Папската латиноамериканска богогсловија, кои треба да дадат сведоштво против било каква дискриминација. Пред да започне со својот говор на шпански јазик, папата Фрањо го слушна обраќањето на Исусовецот, отец Гилберто Фреире, ректор на Папската богословија, кој ги илустрираше предизвиците со кои се соочува оваа институција со желба да остане верна на својата мисија, односно да образува „свештеници во служба на Божјиот народ, ходочасници во Латинска Америка“.

Културното вкрстување е плод на прифаќање

Богословијата - рече Папата - е родена со желба да ги обедини локалните Цркви во Јужна Америка и истовремено да ги отвори кон универзалната Црква. „Ова искуство на дружење и отвореност е голем предизвик“ - рече Папата - „затоа што искуството на ‘вкрстување’ што ја направи голема Америка и што живеете во плуралистичката заедница што ја формирате може да придонесе за заздравување на светот“. Папата исто така потсети дека Евангелието, навестено во тие земји со средства што не биле ослободени од грев, се ширело затоа што различни нации биле во можност да го прифатат:

„Tоа чудо се случи затоа што и оние кои дојдоа и оние што ги примија беа во можност да ги отворат своите срца и да не се затворат на она што другиот може да го понуди, на човечко, културно или религиозно ниво. Овие ‘метидови корени“ се родени од срце способно да го сакаат другиот со плодна љубов, односно подготвени да создадат нешто ново за да го надмине, па и повеќе од тоа. Ова претпоставува одрекување од сопствената самобендисаност за да може да се шири добиениот подарок.“

„Културното вкрстување се случува и денес“ - рече Папата. „Латинските народи се среќаваат меѓу себе и со останатите народи и излегуваат од тие средби збогатени“. Во овој контекст - продолжи Светиот Отец - вие сте повикани да го посеете Словото и тоа треба да влијае на вашето образование и вашето служење.

Отворете го срцето за Бог и за ближниот

Папата им упати три точки на дејствување, на лично и колективно ниво. Првото е „да се отвори вратата на срцето и за срцата“. „Срцето мора да се отвори за Господ, но и за братот, затоа што тие две работи одат заедно“ - истакна Папата.

„Кога ќе го отворите срцето за сите, без разлика, за љубовта кон Бога, создавате простор каде Бог и ближниот можат да се сретнат. Никогаш не престанувајте да ја покажувате оваа подготвеност, оваа отвореност: никогаш не затворајте ја вратата на оној што во длабочините на срцето копнее да влезе и да се чувствува прифатен.

Помогнете и поканете ги другите да појдат на пат

Втората точка на дејствување, која е посочена од Папата е „да подадеме рака и да ги поканиме другите да го сторат тоа“. Свештениците - истакна Папата - „мора да бидат обучени да станат Пастири според срцето на Бога, пастири кои се посветуваат за грижата на овците“. Но, помагањето на луѓето не ја исцрпува нашата мисија“ - рече тој.

„Нашите напори исто така мора да бидат повик, тие мора да го соберат стадото, да направат да се чувствува како народ повикан да оди и да се обврзе дека ќе му претходи на царството, токму тука на оваа земја. Ова значи дека тие се чувствуваат корисни, одговорни, неопходни, да најдат простор каде исто така можат да соработуваат. Борете се против културата на отфрлање, социјалната дискриминација, недовербата и предрасудите од расни, културни или религиозни причини, со цел над сите разлики да надвладее чувството на братство.

Променете го менталитетот, ангажирајќи се за доброто на сите

Третото дејствување е „заздравување на светот од големото зло што го измачува“ и кое пандемијата го направи повидливо: разлики, себичност, неможност да се даде заеднички одговор на кризата:

„Светот продолжува да ги затвора своите врати, отфрлајќи го дијалогот и соработката, одбивајќи искрено да се отвори за заедничко ангажирање за доброто кое ќе дојде до сите, без разлика. Лекот за ова зло мора да дојде одоздола, од срцата и душите кои еден ден ќе ви бидат доверени, со конкретни предлози во областа на образованието, во катехизацијата, во социјалното ангажирање, способни да го променат менталитетот и да отворат простор за лекување од ова зло и да му се даде на Бог обединет народ“.

На крајот Папата посака на сите раководители, студенти и поранешни студенти на Папската латиноамериканска богословија, да бидат насекаде „сведоци на човечкото братство, кое е родено од тоа што сме деца Божји“, доверувајќи ги на Дева Марија од Гвадалупе, заштитничка на Латинска Америка.

21 ноември 2020, 13:30