Пребарување

Vatican News
2020.11.15 Angelus

Ангел Господов: Не биди себичен, испружи ја раката кон сиромавиот

Во говорот пред молитвата Ангел Господов во недела 15 ноември 2020 година папата Фрањо се осврна на параболата за талантите. Говорот на Светиот Отец го пренесуваме во целост

Драги браќа и сестри,

На оваа претпоследна недела од литургиската година Евангелието пред очи ни ја става параболата за талантите (сп. Матеј 25,14-30). Ова е дел од говорот на Исус за последните времиња кои претходат на неговата мака, смрт и воскресение. Параболата зборува за некој богат човек кој морал да отпатува, а требало да биде долго отсутен, па затоа гi доверува своите добра на тројца свои слуги: на првиот му дава пет таланти, на вториот два и на третиот еден. Исус прецизира дека распределбата е извршена на „секој според неговата сила“ (р.15). Така Господ прави со секој од нас: Добро нѐ познава, знае дека не сме исти и не сака никој да привилегира на штета на другите, туку на секој му доверува добра согласно неговите способности.

За време на отсуството на господарот, првите двајца слуги се труделе многу и работеле така што го дуплирале доверениот износ. Тоа не може да се каже и за третиот слуга кој својот талант го закопал во земја како би ги избегнал ризиците, го остава таму, на сигурно од разбојниците, но не го оплодил. Доаѓа време кога се враќа господарот, кој ги повикува слугите да поднесат сметка. Првите двајца даваат добар плод од своето залагање, работеле и господарот ги пофалува, наградува и ги повикува да учествуваат на неговата слава, во неговата радост. Меѓутоа третиот, сфаќајќи ја грешката, веднаш започнува да се оправдува, велејќи: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш, каде што не си сеел, и собираш, каде што не си веел; 25па се уплашив и отидов, та го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘ (р. 24-25). Тој ја оправдува својата мрзеливост обвинувајќи го господарот дека е ‘строг’. Таа навика ја имаме и ние, се браниме, многу пати обвинувајќи ги другите. Но не се виновни тие: вината е во нас, вината е наша. А тој слуга ги обвинува другите, го обвинува господарот за да се оправда себе си. И ние многу пати го правиме истото. Тогаш господарот го прекорува, го нарекува “лукав и мрзлив слуго“, му го зема талантот и го исфрла од својот дом.

Оваа парабола важи за сите нас, како и секогаш, но посебно за христијаните. И денес е многу актуелно. Денес на Денот на сиромашните, кога Црквата на нас христијаните ни зборува: Пружи ја својата рака на сиромавиот. Пружи ја раката на сиромавиот. Во животот не си сам: има луѓе кои имаат потреба од тебе. Не биди себичен, испружи ја раката на сиромавиот. Сите ние од Бог имаме добиено ‘наследство’ како човечки битија, човечко наследство, па какво и да е.

А како Христови ученици примивме и вера, Евангелието, Светиот Дух, Светите Тајни и многу други работи. Тие дарови треба да се употребат за да правиме добро, за да правиме добро во овој живот како што е служењето на Бог и браќата. И денес Црквата ти зборува на тебе, зборува на нас? „Искористи го она што Бог ти го дава и сврти го својот поглед кон сиромашните. Погледни само колку многу ги има, па и во нашите градови, во центарот на нашиот град, ги има многу. Правете добро!

Ние понекогаш мислиме да се биде христијанин значи да не се прави зло и дека доброто се состои во тоа да не се прави зло. Но да не се прави добро не е добро. Мораме да правиме добро, да излеземе од самите нас и да погледнеме, да погледнеме на оние кои се во најголема потреба. Има толку многу глад и тоа во нашите градови и многу пати влегуваме во таа логика на рамнодушност: сиромавиот е таму, а ние ја свртуваме главата на друга страна. Испружи ја раката за сиромавиот? Тоа е Христос. Нека кажат: „Па тие свештеници, тие епископи зборуваат за сиромасите, за сиромашните.... Сакаме да ни зборуваат за вечниот живот“. Гледај брате и сестро, сиромашните се центарот на Евангелието. Исус е тој ги нѐ научи да зборуваме за сиромашните, Исус дојде заради сиромашните. Испружи ја раката за сиромашниот. Прими многу, а го пушташ твојот брат, твојата сестра да умира од глад?

Драги браќа и сестри, секој од нас нека каже во своето срце она што денес Исус ни го зборува, нека го повтори во своето срце: Испружи ја раката за сиромашниот. И Исус ни вели уште нешто: „Знајте, јас сум сиромашен. Исус ни го вели и ова: Јас сум сиромав.

Девица Марија прими голем дар од самиот Исус, но не го задржала за себе, го дарува на светот, на својот народ. Да учиме од неа како да ја испружиме раката за сиромавиот.

15 ноември 2020, 19:14