Пребарување

Vatican News
Кардиналскиот совет Кардиналскиот совет  (© Vatican Media)

Папата Фрањо: Реформата е веќе во тек

Во вторникот на 13 октомври во пладневните часови е одржан состанок на Советот на кардинали кој заради глобалната здравствена криза е одржан преку интернет, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

На состанокот учествуваа кардиналите: Оскар А. Родригез Марадијага, Рајнхард Маркс, Патрик О’Мали и Освалд Грацијас, а од Ватикан кардиналите Пиетро Пароли и Џузепе Бертело, секретарот на Советот епископот Марсело Семераро и помошниот секретар епископот Марко Мелино.

На состанокот учествуваше и Светиот Отец со директна врска од домот Света Марта.

Во текот на летните месеци советот со директна врска преку интернет работеше на текстот на новата апостолска конституција чиј нацрт е претставен на Светиот Отец. Според утврдената практика надлежните канцеларии (дикастерии) продолжуваат со читање на текстот.

Состанокот е свикан за да се даде резиме на сработеното досега и за да се проучи како да се поддржи спроведувањето на новата конституција откако ќе биде прогласена. Во своето обраќање Светиот Отец нагласи дека „реформата веќе е во тек исто така и во некои административни и економски аспекти.“

Следниот состанок е закажан за месец декември и повторно заради здравствената ситуација ќе се одржи преку интернет во согласност со однапред утврден план.

14 октомври 2020, 10:50