Пребарување

1603635842859.JPG

Папата се моли за убиените ученици во Камерун

Се придружувам на болките на семејствата на малите деца кои брутално се убиени минатата сабота во Кумба - Камерун. Останав згрозен од тој брутален и безумен чин со кој се прекинати животите на невините дечиња за време на наставата во училиште – рече папата по завршувањето на катехезата за време на Генералната аудиенција во среда 28 октомври 2020 година.

Бог нека ги просветли срцата никогаш повеќе да не се повторат вакви дела и за страдалниот регион на Северозападот и Југозападот на земјата конечно да се изнајде мир. Се надевам дека оружјето ќе замолчи и ќе се гарантира безбедност на сите и прво на секоја млада личност на образование и иднина. Искажувам сочувство до семејствата, до градот Кумба и цел Камерун и молам за утеха, која може само Бог да ја даде.

29 октомври 2020, 09:35