Пребарување

Vatican News
во среда 14 октомври 2020 година во среда 14 октомври 2020 година  (AFP or licensors)

Папата Фрањо: Како добри граѓани држете растојание и носете маски

Со оглед на пандемија од коронавирусот, папата Фрањо ги повика луѓето да носат заштитни маски и да се држат на дистанца. На крајот од Генералната аудиенција во среда 14 октомври 2020 година, тој им се обрати на италијански јазик на присутните поколници и им се извини за фактот што овој пат само ќе ги поздрави од далеку.

Бројот на заразени во Италија, како и во другите земји, повторно алармантно расте. И во Ватикан од пред неколку дена стапи на сила обврската за задолжително носење маски на отворено. Овој викенд беа потврдени четири случаи со коронавирус меѓу припадниците на Папската швајцарска гарда.

Поради тоа, на крајот од Генералната аудиенција папата Фрањо повторно им се обрати на поклониците: „Би сакал да слезам, како што обично правам и да пристапам за да ве поздравам, но со новите регулативи подобро е да се држиме на растојание. Од срце ги поздравувам болните“, рече папата Фрањо во слободниот говор.

„Вие држите безбедно растојание, како што треба да се прави. Но, кога ќе слезам, сите доаѓаат на едно место и се буткаат: Сепак проблемот е во тоа што постои ризик од зараза. На овој начин, секој со маска и на безбедно растојание, можеме да ја продолжиме аудиенцијата.“ Тој сакаше да се извини за фактот што денес се поздравува само од далеку, „но мислам ако сите, како добрите граѓани ги следиме упатствата на властите ќе помогнат да се стави крај на оваа пандемијата. Ви благодарам!"

15 октомври 2020, 09:34