Папата на крајот од Генералната аудиенција: Молитвата е главно послание на христијаните
Бидете храбри во навестувањето на евангелската порака, со зборови и пример, во секоја средина – со тие зборови папата Фрањо се обрати на верниците на италијански јазик после катехезата на Генералната. Осврнувајќи се посебно на мисионерскиот месец октомври, Папата потсети дека тој е силен повик до христијаните да се почувствуваат одговорни во ширењето на царството Божјо.
Поздравувајќи ги пак полските поклоници се спомна на свети Иван Павле II, чиј литургиски спомен се слави на 22 октомври и тоа во годината кога се одбележуваат 100 години од неговото раѓање. Беше човек со длабока духовност – рече Папата – секој ден размислуваше за светлото Божјо лице во литургиската молитва и во размислувањето на псалмите. Свети Иван Павел II. исто така ги поттикнуваше христијаните денот да го започнат со благодарност до Господа, пред да појдат, не секогаш по лесните патишта од секојдневниот живот – напомена папата Фрањо.