Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо со претставници на градот Равена Папата Фрањо со претставници на градот Равена  (Vatican Media)

Папата Фрањо: Данте e пророк на надежта

По повод 700-годишнината од смртта на овој голем поет, папата Фрањо се сретна со делегација од градот Равена, предводена од градоначалникот, префектот и архиепископот монс. Лоренцо Гицони.

На 700 годишнина од смртта на Данте Алигиери, папата Фрањо се сретна со претставници на градот Равена, при што истакна дека тој фирентински поети кој почина во ноќта помеѓу 13 и 14 октомври 1321 година уште еднаш повикува да ја пронајдеме изгубената и засенета смисла на нашиот човечки пат.

Понекоагаш можеби би изгледало дека тие седум века направиле ненадоместлива оддалеченост помеѓу нас мажите и жените на постмодерното и секуларизирано време и него извонреден претставник на златниот период на европската цивилизација – рече папата Фрањо и додаде: Сепак, нешто ни зборува дека тоа не е така. Адолесцентите, на пример - и оние од денес - ако имаат можност да и пристапат на поезијата на Данте на начин за нив разбирлив, од една страна неизбежно го забележуваат целата оддалеченост помеѓу тој автор и неговиот свет; но, од друга страна, тие забележуваат изненадувачки одек. Ова се случува особено таму каде што алегоријата му отстапува на симболот, каде човекот станува поочигледен и откриен, каде граѓанскиот занес е посилен, каде милината на вистинското, убавото и доброто, милината Божја, прави да се чувствуваат силна привлечност - рече Папата

Повеќевековниот одек на Божествената комедија може и денес да упатува  размислување и одење. Користејќи го одекот што надминува векови, и ние ќе можеме да се збогатиме со искуството на Данте - рече Папата – како би поминале низ многу мрачни шуми на нашата Земја и среќно да го завршиме нашето ходочастие во историјата, за да ја достигнеме целта што секој човек ја сонува и посакува: до љубовта која „ги придвижува сонцето и другите ѕвезди“.

Папата Фрањо освен тоа потсети дека во 1965 година, по повод 700-годишнината од раѓањето на Данте, свети Павле VI. подари на градот Равена златен крст за неговиот гроб. Истиот тој крст, по повод оваа годишнина, повторно ќе блесне на местото каде што се чуваат посмртните останки на поетот. Тој нека биде повик за надеж, онаа надеж на која Данте е пророк - рече папата Фрањо.

10 октомври 2020, 20:16