Пребарување

Vatican News

Молитвена накана на Папата за месец октомври 2020

Во видеопорака објавена во четврток 8 октомври 2020 година, папата Фрањо овој месец повикува на молитва за поголема присутност на жените во Црквата.

Никој не е крстен како свештеник или епископ. Сите ние сме крстени како лаици. Лаиците се протагонисти на Католичката црква – порача Папата.  

Денес посебно е потребно да се создаде поширока можност за попродорна присутност на жените во Црквата. И морам да ја нагласам женската лаичка присутност, затоа што обично жените се оставени настрана – истакнува Светиот Отец, предупредувајќи за опасноста да не се падне во клерикализам, кој пак ја уништува лаичката харизма.

10 октомври 2020, 09:01