Папата: Треба да имаме срце за да ги видиме раните
Да се видат раните благодарејќи на срцето кое е отворено за потребите на другите и да се подадат рацете кои во братот не гледаат странец, туку просјак на љубовта – рече папата Фрањо до членовите на друштвото „Свети Петар“.
Тој ги охрабри присутните да продолжат со каритативните дела, секогаш внимателни и подготвени да одговорат на потребите на сиромашните и да бараат милост во личната и заедничка молитва.
Новите сиромаштва – според зборовите на Папата – се материјални, човечки и општествени. Но сиромаштвото обично е срамежливо, треба да се појде и да се открие каде е. Срцето пак треба да ги согледа и распзонае. Треба да знаеме да ги глеааме човечките рани со срцето како би го презеле на срце животот на другиот. Така тој не е само странец на кој му е потребна помош, туку ред сѐ е брат,
Ви благодарам затоа што сте конкретен знак на Папската љубов кои се грижат за сиромашните и за сиромаштвото. И сум ви благодарен за „Петровата пара“, која секоја година ја собирате во црквите на градот и кои денес ми ги предавате – рече на крајот Папата.