Папата Фрањо Папата Фрањо 

Папата упати порака за Светскиот ден на молитва за грижата за создадениот свет

Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 1 септември ја објави пораката на папата Фрањо за 6. Светски ден на молитва за грижа за создаденото.

„Драги браќа и сестри, секоја години од објавувањето на енцикликата „Лаудато си“ (24 мај 2015 година) христијанското семејство на првиот ден од септември го одбележува Светскиот ден на молитва за грижа за создаденото, со кој започнува Времето на создавањето, а завршува на 4 октомври во спомен на свети Фрањо Асишки. Во тој период христијаните ја обновуваат во целиот свет верата во Бог Создателот и се обединуваат на посебен начин во молитвата и делувањето заради заштита на заедничкиот дом,“ - пишува Папата на почетокот на пораката.

„Задоволен сум што темата која ја избра екуменското семејство за прославата на Времето на созданието 2020 е „Јубилеј на Земјата“ токму на 50. годишнина од Денот на земјата, додава.

„Во Светото Писмо, јубилејот е свето време на присетување, враќање, одмор, обнова и радост“, наведува Светиот Отец и во продолжение ги разложува тие 5 точки.

Пораката ја завршува со повикот според Псалм 104,30: „Испрати го Духот Свој Господ и ќе го обновиш лицето на земјата.“

02 септември 2020, 09:47