Пребарување

Кардинал Крајевски Кардинал Крајевски 

Папата ги покани бездомниците на море

Сметајќи дека и бездомниците мора да поминат ден за релаксирање на плажа, папата Фрањо го замоли на својот делител на милостини кардиналот Конрад Крајевски да организира такви излети.

Така минатата седмица бездомниците во мали групи кои ги делат собите и во домовите во кои престојуваат почитувајќи ги епидемиолошките мерки со автобуси отидоа на плажа во близина на Рим.

И оној кој живее на улица мора да биде во можност на неколку часа да заборави на секојдневието. За викенд плажите премногу се полни за да може безбедно и опуштено да се ужива на море, но во текот на седмицата тоа е изводливо, истакна во разговор за весникот „Ла Стампа“ полскиот кардинал. Така тој или некој од неговите соработници седнале зад воланот на минибусот и група од 13 до 15 бездомници ги однеле на плажа и потоа во локалната пицерија каде почитувајќи ги препораките вечерале под ведро небо.

Бездомниците се многу благодарни на тие денови, а Папата пак многу се грижи за да им го врати достоинството, истакна кардиналот Крајевски кој и претходната година по налог на Папата ги возеше бездомниците на излет и ги почасти вечера. Тој ја најави и намерата на Папата дека во септември одење на плажа ќе овозможи и на жените со психички проблеми во придружба на сестрите на Мајка Тереза, мисионерки на љубовта.

02 септември 2020, 09:41