Папата Фрањо: Да продолжиме да се подготвуваме за Меѓународниот конгрес
После молитвата Ангел Господов папата Фрањо се обрати на верниците собрани на плоштадот Свети Петар, посебно осврнувајќи се на 52. Меѓународен евхаристиски конгрес кој минатите денови требаш да се одржи во Будимпешта, но поради пандемијата со болеста КОВИД – 19 е одложен и ќе се одржи од 5-12 септември следната година. Сакам својот поздрав да го упатам на пастирите и верниците во Унгарија, како и на сите кои со вера и радост го очекуваат тој црковен настан (...). Да продолжиме духовно соединети, да се подготвуваме, пронаоѓајќи во Евхаристијата извор за животот и посланието на Црквата – истакна Папата.
Потоа потсети дека во Италија на 20 септември се слави Денот на Католичкиот универзитет Пресвето Срце Исусово и поттикна да се поддржи таа иницијатива и објасни дека е важна културна институција повикана да овозможи континуитет и нова сила на бројните генерации млади луѓе, кој знаел да ги отвори вратите за иднината. Многу важно новите генерации да се воспитуваат да се грижат за човечкото достоинство и за нашиот заеднички дом – рече на крајот папата Фрањо.